„Во првите 24 часа отстранивме 1,5 милиони снимки од нападот

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 март, 2019 10:45

Фејсбук отстранил 1,5 милиони снимки од грозоморниот напад врз џамиите во Нов Зеланд

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Тимот на најголемата социјална мрежа во светот „Фејсбук“ соопшти дека во првите 24 часа по нападот на двете џамии во Нов Зеланд, кој напаѓачот го снимаше во живо, отстранил околу милион и пол снимки од истиот.

 

„Во првите 24 часа отстранивме 1,5 милиони снимки од нападот, од кои над 1,2 милиони беа блокирани во текот на нивното прикачување“, соопштиле од „Фејсбук“.

Инаку од „Фејсбук“ соопштиле дека успеале да ги отстраната сите верзии на оригиналната снимка кои немаат во себе вознемирувачка содржина.

За потссетување, терористичкиот напад се случи на 15 март во градот Крајстчерч на Нов Зеланд .

Убиецот цел масакр го пренесувал во живо и покасно го објавил на Фејсбук и на Инстаграм. Компанијата Фејсбук, видеото покасно го извади, а камерата убиецот ја носел на шлемот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...