Со камионот кој ги усмрти двете 14 годишни девојчиња управувал 59-годишниот Иво Филиповиќ, чија фамилија исто така е во шок по тешката несреќа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јуни, 2019 14:49

ФОТО: Ќерката на возачот кој ги “уби” Ива и Рената на кобниот автопат напиша писмо до медиумите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со камион возејќи со 90 километри на час Иво Филиповиќ покоси две малолетни девојчиња на автопатот меѓу Новска и Окучана,  каде застанале да одморат.

Погледај слику на Твитеру
Иво Филиповиќ, возачот кој ги усмрти младите девојчиња Ива и Рената

Со камионот кој ги усмрти двете 14 годишни девојчиња управувал 59-годишниот Иво Филиповиќ, чија фамилија исто така е во шок по тешката несреќа.

За српскиот портал 24 ЧАСА, семејството на возачот изјави длабоко жалење и сочуство до семејствата на двете загинати девојчиња Ива и Рената.

“Почитувани, моето име е Ивана Филиповиќ и сум ќерка на возачот кој е крив за сообраќајната несреќа кај Новска. На овој начин би сакала да изразам сочувство до семејствата на двете загинати девојчиња Ива и Рената, во името на мојот татко, мајка ми, сестра ми и целата наша фамилија., стои во писмото. Премногу ни е жал за оваа голема трагедија која се случи и не можеме да се опоравиме но ниту да поминеме преку немилиот настан и трагишнната несреќа. Нема зборови со кои може да се опише нашата болка и страдање за тоа што се случи. Ги замолувам медиумите да имаат разбирање и за нас, бидејќи не е лесно да си дома и да читаш најразлични осудувања, и презирачки наслови, пишува во пимото ќерката на возачот на камионот.

Ивана додава дека нејзиниот татко е многу посветен на семејството и долги години го вози својот камион само за да ги издржува. 

“Морам да додадам дека мојот татко е многу посветен татко, кој со камионот има поминато милиони километри за да го прехрани нашето семејство, да не школува мене и мојата сестра.без ниту една незгода. Не знам што било, но сигурно знам дека такво нешто не би сторил намерно. Уште еднаш најискрено сочувство до семејството на загинатите девојчиња и се молиме за оздравување на другите две повредени девојчиња, Ивана Филиповиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.