- Иначе за тоа каква супер жена е Атиџе зборува моментот што од градот си купи боја за коса, и покрај тоа што живее во пустелија каде единствениот жител е нејзината полуслепа мајка. Атиџе си ја фарба косата за да биде убава не за другите, за себе! Жениште!

Објавил: Весна Петровска | 14 јануари, 2020 12:07

Цел ден мислам на Атиџе и на тоа како ЖИВОТОТ може да добие друга динезија – жена ХЕРОЈ кој го создава сценарието!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Македонскиот филм „Медена земја“ успеа да добие две номинации за претстојните Оскари – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм.

Овој документарец наиде на позитивни критики од страна на македонската публика, секој Македонец е горд на Атиџе – ѕвездата на овој доументарец.

Во продолжение прочитајте неколку коментари од гледачите…

Македонија горда на Атиџе – ликот кој го создаден надоброто дело

-Номинирани за оскар за споредна улога се Ал Пачино, Ентони Хопкинс, Бред Пит, Том Хенкс и Џо Пески. Каква конкуренција

– И на крај на Атиџе пак и се побитни пчелите од сите оскари на светот. И баш затоа и го заслужува сето внимание што сега го добива

– Атиџе е архетип кој се надевам нема да се изгори од мазноста на холивудскиот сјај. Сјајот на медот е поважен од сјајот на продажбата. Нека победи вистината за светот во кој живееме. Наградата не е само признание, туку и критички осврт кон односот на човештвото кон природата.

КАМПАЊА НА ПРОДУКЦИЈАТА НА „МЕДЕНА ЗЕМЈА“: Со купена тегла мед им помагате на децата од филмот

– Цел ден мислам на Атиџе и на тоа како животот може да ти добие друга димензија.

– Иначе за тоа каква супер жена е Атиџе зборува моментот што од градот си купи боја за коса, и покрај тоа што живее во пустелија каде единствениот жител е нејзината полуслепа мајка. Атиџе си ја фарба косата за да биде убава не за другите, за себе! Жениште!

– Зашто се радувам за Ханиленд, ми беше мачно два дена после филмот и се покајав што го гледав, ама и тоа е некакво чувство, што траело два дена, а што е уметност ако не предизвикувач на чувства, мило ми е што светот не забележа и што му се допаднавме, бидејќи Ханиленд сме ние

– Никогаш не сум бил толку горд на некој од моето опкружување. Нѐ има и забавни, и успешни, и иселени и скиселени… Фаца со Honeyland сите нѐ направи горди и ќефој

– Атиџе е лик херој во вистинска смисла на зборот.Не холивудски херој од смислено сценарио.Она е херој кој го создава сценариото.Има толку силна енергија што сред пустелија,со својата приказна ги има привлечено Љубо и Тамара да снимаат филм.Од пустелија до Оскари,ете таква енергија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.