Поранешниот министер и вечен заменик министер за полиција, Нухиу со изјави против Чавков, но и молк дека 2 часа пред настанот бил информиран од Али Ахмети да внимава

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 септември, 2018 8:50

Чавков до Нухиу: Што мислиш ти што се случува, народ се случува!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во Кривичниот суд сведочеше заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, за собранискиот упад во Законодавниот дом на 27 април минатата година.

Тогашниот министер во МВР од дома на телевизија го видел моментот во Собранието и веднаш му пишал СМС пораки на тогашниот директор на БЈБ и шеф на оперативниот штаб, Митко Чавков.

Првичните СМС одговори биле дека нема проблеми. За подоцна Чавков да не му одговора на телефонските повици. Во меѓувреме Нухиу од 18 часот разговарал со неколкумина инволвирани високи полициски службеници но одговорите биле дека ќе се преземе се под контрола.

Нухиу од дома во оперативниот штаб стасал во 19.25 часот, таму бил само дежурниот началник Душко Лазаров. Нухиу рече дека му давал наредби, а Лазаров излегувал од просторијата и обавувал телефонски разговори, но Нухиу не знаел со кого.

Шефот на оперативниот штаб не бил таму, пристигнал во 20.00 часот. Чавков, според зборовите на Нухиу, бил агресивен кон него и му рекол: Што мислиш ти што се случува, народ се случува.

Нухиу сведочеше дека Чавков по 20 часот почнал професионално да постапува.

Оваа изјава на Нухиу е спротивна од изјавите на неговиот претседател Али Ахмети, кој изјави дека лично се слушнал со тогашниот министер за внатрешни работи и од кој добил уверување дека ситуацијата е под контрола и најверојатно е истот оној Нухиу кој се погрижил претходно да сподели и совет до Ахмети да го напушти Собранието на Македонија поради можни инциденти од насобраната толпа народ која ќе биде испровоцирана од именувањето на Талат Џафери на претседателската функција.

Претходно паднаа во вода и изјавите на СДСМ и ДУИ дека имало 61 пратеник во поддршка за изборот на Џафери.

Во моментот на изборот во салата на Собранието на Македонија не биле Али Ахмети, Бранко Манојловски но и Муса Џафери со што Талата е избран со 59 пратенички гласови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести