Покрај оваа, од утре ќе почне и лекувањето на пациентите со крвна плазма. За утре, рече министерот, е закажана и првата екстракција на плазма.

Објавил: Владо Марин | 27 април, 2020 20:34

Што значи озонската терапија со која ќе се лекуваат пациентите со ковид-19

Фото/Текст извор: ©360 степени

Министерот Венко Филипче најави дека на одредени пациенти со ковид-19 ќе се примени озонска терапија.

Од денеска, рече тој, во болницата „8-ми септември“ е пренесен апаратот за озонирање на крвта и ќе се користи за третман за најтешките пациенти.

Тимот на анестезиолози брз основа на анализата и литературата заклучил дека вреди да се направи обид и со оваа терапија и истата деновиве ќе почне да се применува.

Терапијата, според даденото објаснување, значи дека на пациентите ќе им се вади одредена количина во крвта, истата ќе се озонира и потоа повторно ќе се враќа во пациентите.

„Имаме предвид дека како причина за тешката клиничка слика е недоволната оксигенација на крвта и се смета дека со оксигенирање со озон, една количина на крв може, ми се чини 15 милилитри, се вади, се озонира и се враќа во циркулацијата и тоа може да се повтори неколку пати во денот.

Се подобрува способноста на крвта да однесе кислород до ткивата каде што е тоа потребно, така што на тоа се должат добрите резултати. Тоа е механизмот на дејствување. Како ќе се индицира, веројатно врз основа на проценка на степенот на оксигенација на крвта што е параметар кој може да се мери и се мери кај сите пациенти кои се на интензивна нега. На кратко, тоа е подобра можност крвта да оксигенира ткива во повеќе органи во организмот“, објасни Филипче.

Покрај оваа, од утре ќе почне и лекувањето на пациентите со крвна плазма. За утре, рече министерот, е закажана и првата екстракција на плазма.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...