Срцето на Ванеса се распадна кога слушна за несреќата, кога дозна дека нејзиниот сопруг, кој е познат како еден од најголемите играчи во НБА на сите времиња, како и нивните 13-годишна ќерка, Џиана, почина во хеликоптерска несреќа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јануари, 2020 9:31

Ја изневерил 105 пати и му простила- ова е сопругата на Коби Брајант

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 37- години Ванеса Брајант остана вдовица, а ја загуби и својата 13 годишна ќерка Џиана, кои загинаа во хелокоптерската несреќа која се случи вчера. 

Срцето на Ванеса се распадна кога слушна за несреќата, кога дозна дека нејзиниот сопруг, кој е познат како еден од најголемите играчи во НБА на сите времиња, како и нивните 13-годишна ќерка, Џиана, почина во хеликоптерска несреќа.

Ванеса не беше во хеликоптерот, но за неа овој трагичен ден ќе остане запаметен засекогаш

Еве неколку факти за сопругата на трагично починатиот Коби Брајант.

Ванеса и Брајант се запознале во 1999 а по само шест месеци стапиле во брак.

Ванеса и покрај тоа што нејзиниот сопруг имаше светска слава водела мирен живот. Таа има 1,9 милиони следбеници на Инстаграм, но нејзиниот профил е приватен и не е достапен з апошироката јавност. Родена е Ванеса Корнејо Урбиета на 5.05.1982 година. Коби и Ванеса се венчаа во 2001 година. Кошаркарот на НБА лигата во една прилика кажа дека ја запознал Ванеса во 1999 година. Тогаш тој имал 21 година, а таа 17. 

Нивната љубовна приказна продолжила откако само за 6 месеци Коби ја запросил Ванеса.

Нивниот брак преживеал и тужба за сексуален напад. Коби во 2004 та година беше обвинет дека силувал 19-годишна девојка вработена во хотелот во кој престојувал. Тој тогаш јавно се извини на Ванеса за тоа што ја изневерил, бидејќи таа бараше развод. Но тоа не било само еднаш. Во една прилика Ванеса изјави дека Коби ја изневерил 105 пати, но потоа се смирил па нивниот брак функционирал одлично.

Подеми и падови во нивниот брак. Ванеса поднесе барање за развод од Коби во 2011 година. Таа ги наведе „непомирливите разлики“ како причина за разделбата, но во 2013 година, двојката објави дека тие се откажале од нивниот развод, и остануваат во брак до крајот на нивните животи.

Таа и Коби Брајант имаат четири деца и сите четири девојчиња. Наталија  е родена во јануари 2003 година, Џиана, која беше во хеликоптерот со Коби и почина, е родена во мај 2006 година, Бјанка  е родена во декември 2016 година, а Капри Коби е родена во јуни 2019 година.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.