Бугарија повторно со изјави дека во Македонија се второ по големина малцинство

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 јули, 2018 8:56

Јотова: “Во Македонија Бугарите се над 7% од населението”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Потпретседателката на Владата на Бугарија – Илијана Јотова –  започна со имплементирањето на Договорот кој со нејзината земја го постигна Владата на Заев а со кој се негира постоење на Македонско малцинство во Бугарија но се дефинира постоењето и правата на Бугарско во Македонија.

Јотова проектот на официјална Софија за признавање на Бугарското малцинство како второ по големина по Албанското во Македонија го започна појаснувајќи дека до сега според резултатите од тоа кој се поседува Бугарски пасош – во Македонија има помеѓу 71.000 и 75.000 државјани на Бугарија.

Имено Законот за државјанство на Република Бугарија е специфичен по однос на тоа што е граѓанин на оваа држава – па така ако како студентка на пример сте аплицирале за Бугарски пасош и денес имате деца – тие по автоматизам се Бугарски граѓани истот така.

Своевремено сега покојниот конзервативен директор на Бугарскиот национален историски музеј – Божидар Димитров – тврдеше дека само до 2014 година во Македонија има над 120.000 Бугари но и дека во Бугарија има нешто околу 5.000 Македонци. Македонија со Договорот се откажа од нивното постоење.

Процесот во моментот е во фаза на изјави кои ќе завршат како точки на дневен ред на комисиите за имплементирање на Договорот со Бугарија каде што ќе биде побарано да го признаеме Бугарското малцинство во Македонија кое реално е далеку од посакуваната бројка на официјална Софија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика