Претседателот на движењето „Трета“, Љупчо Палевски попладнево беше брутално нападнат и претепан. Според информациите на Нетпрес тој е во критична состојба во Систина, а лекарите се борат се неговиот живот.
Неофицијално тој бил пресретнат и брутално нападнат пред својот дом на пат кон својата викендичка од непозната група на сторители!
Преку објави на својот Фејсбук тој со јавноста сподели низа на доверливи информации, почнувајќи со аферата Атлантик во која масовно се следеле и прислушкувале опозициски претставници и активисти кои се бореа против промената на името, а потоа ја објави и вистината за како што вели тој за случајот „27 април“.
Бизнисменот Љупчо Палевски – Палчо минатата година беше приведен од полицијата во Белград, во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва, каде требало да склучи бизнис зделка.
Палевски беше приведен од српската полиција по потерница распишана од Република Хрватска.
Палевски во Хрватска имал фирма за производство на котли на палети за големи корисници. Таа работела до 2012 година, а потерницата датира од 2015. Во меѓувреме, некој од купувачите на котел поднел тужба против фирмата и Палевски затоа што, наводно, котелот не ги задоволил неговите барања, а побараното обесштетување изнесувало 2.500 евра.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.