Тој истакна дека доколку не биде постигнат цензус од 40% на престојните избори на 5ти мај, на 12-ти мај дека тој ќе треба да ја преземе функцијата на претседател на Република Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 април, 2019 22:39

Џафери: Ако нема цензус, јас ќе бидам в.д претседател на државата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери вечерва беше гостин во емисијата „Click Plus“ на тв21, каде го објаснуваше процесот на избори во втор круг како и потребниот цензус од 40%.

Тој истакна дека доколку не биде постигнат цензус од 40% на престојните избори на 5ти мај, на 12-ти мај дека тој ќе треба да ја преземе функцијата на претседател на Република Македонија. и рече дека Албанците се тие кои одлучуваат во вториот круг, односно за цензусот и за изборот на Претседател.

Џафери беше избран за претседател на Собранието на 27ми април 2017 година

Џафери вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, повика на масовна излезност во недела кога се одржува вториот круг од шестите по ред претседателски избори, а први по потпишувањето на договорот од Преспа.

Инаку Талат Џафери е роден во гостиварското село Форино на 15 април1962 година. Основно училиште завршил во село Чегране, а средното го продолжил воБелградна Воената гимназија. Студирал на Воената Академија на Копнена Војска наЈНА – Смер Пешадија во Белград и Сараево. Постдипломски студии – Специализација за Командни и Штабни должности наВоена Академија „Генерал Михајло Апостолски” во Скопје.
Тој за време на воениот конфликт во Македонија во 2001година, беше висок офицер воАРМ и командувал со единиците во тетовската касарна. На 28 април, на денот кога е извршен масакрот кај Вејце, бил дежурен командант во касарната во Тетово. Неколку дена потоа дезертирал и преминува во терористичката ОНА како командат Форина.

Тој беше нзначен за претседател на Собранието на 27 април 2017 година, откако лидерот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев го прочита предлогот за Талат Џаферида да биде нов парлементарен спикер и во пленарната сала новото парламентарно мнозинство го изгласа.

Пратениците на СДСМ, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците го чуваа Талат Џафери додека ја даваше свечената изјава.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести