Дали ова е најава за победа на претседателските избори или само маркетиншки трик на ВМРО-ДПМНЕ ?

Објавил: Узунов Бобан | 23 февруари, 2019 18:16

14.000 потписи за неколку часа-реална поддршка за кандидатите или герила маркетинг на партиите ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Професорката, Гордана Силјановска, за неколку часа ги собра потписите со кои ќе се кандидира за претседател како надпартиски кандидат. Таа објави видео порака со благодарност за оние кои застанаа со своите потписи зад нејзината кандидатура. Меѓутоа се поставува прашањето дали собирањето на 10.000 потписи реално ја отсликува поддршата за Гордана Силјановска-Давкова или тоа е резултат на партиската машинерија на најголемата опозициона партија. Несомнено е дека најголемите политички партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ ја имаат потребната организациска, техничка и кадровска поставеност да мобилизираат 10.000 членови за поддршка на претседателскиот кандидат и истовремено тоа да биде добар герила маркетинг за кандидатот и партијата. 


Вистинскиот одоговор на тоа прашање би дало едно истражување кое тешко може и да се реализира, а тоа е колку од собраните потписи се од неопределени граѓани кои не гравитираат околу партиите а одлучуваат кој ќе биде победник на сите избори. 

Несоменено е дека ликот на Гордана Силјановска го надминува партиското членство на ВМРО-ДПМНЕ и ќе добие гласови и од неопределените гласачи од македонската етничка заедница но мал е бројот од тие гласачи кои се и потписници на нејзината кандидатура. За етничкиот состав на поддршката на кандидатурата на Силјановска, добро е да се погледне и во кои општини со мнозинство немакедонско население се потпишале за нејзина поддршка. И на крај, дали собирањето на потписи може да биде лакмус тест за изборните резултати ? 


„За рекордни неколку часа се собрани потребните 10.000 потписи со што официјално станувам кандидат за претседател. Не можам да најдам зборови со кои би ја изразила благодарноста, за мене како во рациновата песна „Силно светнал ден“. Мислам дека е тоа е денот кога ќе започнеме заедничка битка за право и правда“, порача Силјановска. 

Професорката Силјановска Давкова инаку е претседателски кандидат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на идните претседателски избори во Република Македонија.

Денеска масовно граѓаните на Скопје,  Охрид, Тетово, Прилеп и Кавадарци и сите други градови се потпишуваат за поддршка на Гордана Силјановска.

Инаку Силјановска не мора да го прави тоа, бидејќи ја има поддршката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но уште на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга рече дека ќе ги собира овие потписи за да се прикаже како натпартиски граѓански кандидат. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...