Јана Стојановска открива дека воопшто не го очекувала своето синче порано.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 ноември, 2019 15:53

Актерката Јана Стојановска прозборе за месеците поминати во болница со синчето Ненад

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата македонска актерка и нејзиниот сопруг кошаркарот Андрија Бојиќ  станаа родители на малиот Ненад кој го носи името по неговиот покоен дедо таткото на Јана.

Јана беше Мис на Македонија во 2007. Овој настан се одржа во тогаш популарниот клуб Хард Рок а Јана тогаш имаше само 22 години.

Јана Стојановска во интервју за „Женски магазин“ открива дека воопшто не го очекувала своето синче порано. Таа вели дека Ненад е роден два месеци порано, односно во седмиот месец од бременоста и таа и сопругот останале вчудоневидени кога на Јана и пукнал водењакот.

Но за среќа се завршило како што треба и малиот Ненад, кој го носи името на својот дедо, по два месеци поминати во болница во Букурешт, сега е дома.

Јана Стојановска поради работните обврски на сопругот  се пресели во Романија. Поради ангажманите на сопругот за кошаркарскиот клуб „Волунтари“, за „Женски магазин“ раскажува низ што поминала изминативе месеци и што ѝ давало сила да верува дека со нејзиниот син, сепак сѐ ќе биде во ред.

До последно се опирав на името Ненад, едно затоа што ме врзува за татко ми, а неговата загуба ми е едно трауматично искуство, а друго, затоа што сакав да има некое име какво што никој друг нема да има. Андрија од друга страна сакаше југословенско име. Кога нѐ „изНЕНАДИ“ сите, почнав да попуштам, ама кога ги видов бројките на часовникот во салата, 12:52, си реков- готово, Ненад. Во 1952 година беше роден татко ми, вели Јана за порталот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.