За градоначалникот Сашо Поцков, сите инфраструктурни проекти се од огромно значење за развој на општина Гевгелија како и за регионот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 февруари, 2021 14:58

Бочварски: Годинава започнуваме со градба на гасоводот од Неготино до Гевгелија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До средина на оваа година ќе извадиме одобрение за градење а до крај на годината, а може и порано да распишеме тендер за изградба на магистралниот гасовод од Неготино до Гевгелија, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Гевгелија. 

Министерот додаде дека проектот е готов, за него има одобрение од министерство за животна срединаа и заедно со Национални енергетски ресурси се работи за побрза изградба на оваа магистрална делница.

Гасификацијата е доста значаен проект за сите.  Во делот на плановите за изградба на магистралниот гасовод од Гевгелија до Неготино, имаме готов проект и моите очекувања се дека во текот на летниот период ќе извадиме одобрение за градење и до крај на годината да го тендерираме. Се работи за проект за изградба на гасовод во должина од 68 километри со што ова е уште еден чекор за поврзување со интерконекторот со Грција. Во меѓувреме,  оштините да работат на секундарната мрежа и преку НЕР заедно да ги надминене сите проблеми со кои се соочуваат. За мене е значајно што во текот на оваа година завршуваат гасоводите од Неготино до Битола и од Скопје до Гостивар“,  изјави Благој Бочварски министер за транспорт и врски.  

Покрај ова, министерот Бочварски најави и нови проекти во Гевгелија за подобрување на комуналната мрежа и локалната инфраструктура. 

Министерот заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и директорот на АД за станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски извршија увид во изградба на социјална зграда во Гевгелија. 

Инвестицијата е 80 милиони денари, се градат вкупно 52 станови а според договорот зградата треба да биде завршена во март 2022 година. 

Директорот на АД за станбен и деловен простор, истакна дека покрај оваа зграда во постапка за изгардба се уште четири нови згради во Сарај, Кочани, Дебар и Пехчево. 

Преговараме со банката која го финансира овој проект за продолжување, односно да финанисра нов проект за изградба на нови социјални згарди во општините. Очекуваме некаде до средината на оваа година да имаме постигнато договор”, изјави Кристијан Трајковски, директор на АДССДП. 

За градоначалникот Сашо Поцков, сите инфраструктурни проекти се од огромно значење за развој на општина Гевгелија како и за регионот. 

Тој најави нови проекти во делот на реконструкција на улиците во општината и подобрување на комуналната мрежа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...