Тевдовски и Ангеловска-Бежоска деновиве учествуваа на Пролетните средби на ММФ

Објавил: admin@magazin | 13 април, 2019 10:41

(ВИДЕО) Тевдовски и Ангеловска : Денарот стабилен, економијата закрепнува

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денарот е стабилен, економијата закрепнува и веќе почнува да остварува подобри стапки на раст, оценуваат министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Гласот на Америка“ по Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон.

Според гувернерката, за оваа година прогнозите на Народната банка се над три проценти раст. Притоа се земени предвид последните движења и проекции

ММФ и светска банка ги намалија прогнозите за растот на светската економија поради незивесноста што постои, но најважно е што во услови кога кај најголемиот дел од земјите во светот ги намалуваат проекциите за растот, за нашата земја ја зголемија проекцијата од 2,8 на три проценти. Тоа покажува дека земјата се движи во добра насока, дека економијата закрепнува и дека веќе почнува да остварува и подобри стапки на раст – истакна министерот Тевдовски.

Денарот е стабилен. Нашите платнобилансни проекции предвидуваат натамошна акомулација на девизните резерви и нивно задржување на сосема адекватно ниво, конзистентно со монетарната стратегија којашто ја спроведуваме. Ако се погледнат движењата минатата година, имавме значајна акомулација на девизни резерви, а клучен фактор што придонесе за тоа се значајните девизни приливи на пазарите – нагласи Ангеловска-Бежоска во интервјуто пред седиштето на Светска банка и ММФ.

Коментирајќи ги состојбите во светската економија и низата неизвесности, потенцира дека е важно што ММФ предвидува забавување на глобалната економска активност, но дека не се работи за рецесија.

Тевдовски и Ангеловска-Бежоска деновиве учествуваа на Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон. Во рамки на Средбите имаа повеќе работни состаноци со високи претставници на меѓународните финансиски институции и организации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...