Цветанова цинично констатира дека татко и има 83 години, што значи кога почнала војната имал само 6 и дека Сојуз на борци го водат манипулатори

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 8:36

Ганка Цветанова до Сојуз на борците: “Кого вие манипулирате другари, кога почнала војната не сте биле родени”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова го искритикува различниот однос на Сојузот на борците кон референдумот за територијалната организација од 2004 година и кон најавениот за 30 септември за договорот Заев со Ципрас.

„За оние со кусо паметење, борците дадоа поддршка на референдумот против територијалната организација во 2004 год. и на митингот во Струга на бината застанавме рамо до рамо“, напиша Цветанова на својот профил на „Твитер“ како реакција на информацијата дека Сојузот на борците даде поддршка за претстојниот референдум и за договорот со Грција.

Во претходниот твит таа ја проблематизира и структурата на членството на Сојузот. „Кои борци, ви се молам?!? Татко ми има 83 год., што значи кога почнала војната имал 6, а кога завршила 10 год. Не манипулирајте со јавноста и не се подбивајте со борците.

Имајте барем малку почит!“, твитна таа, а во дискусијата што ја поттикна додаде: „Манипулираат и со вистината и со јавноста, а се подбиваат со народот, а во конкретниов случај и со вистинските борци“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Твитер

„Ваквите дела претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Македонија уште еднаш ја искажува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, напиша Османи.

Силна осуда на Бујар Османи на руското признавање на Доњецк и Луганск

Силно го осудуваме признавањето од страна на Русика на украинските области Доњецк...

– Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако ќе биде формирана, напиша Брнз во твитот.

Американската амбасадорка му го честиташе мандатот на Заев

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз денеска на лидерот на СДСМ, Зоран...