Островите се целосно исчезнати под вода а тоа се должи на зголемувањето на нивото на морето предизвикано од глобалното затоплување.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јануари, 2020 9:28

Два острови во Индонезија целосно исчезнаа поради глобалното затоплување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поради глобалното затоплување исчезнаа два ненаселени острови во Индонезија. Станува збор за „Бетските и Гундулските островикои се наоѓаат во индонезиската провинција Јужна Суматра.

Островите се целосно исчезнати под вода а тоа се должи на зголемувањето на нивото на морето предизвикано од глобалното затоплување.

Индонезија е втора во светот по бројот на ендемични видови по Австралија, со 36% од 1513 видови на птици и 39% од 515 видови на цицачи. Крајбрежјето на Индонезија кое изнесува 80000km е опкружено со тропски мориња кои придонесуваат за високото ниво на биодиверзитет во земјата. Индонезија има голем број на морски и крајбрежни екосистеми вклучувајќи плажи, песочни дини, заливи, ризофори, корални гребени, морска трева, калливи морски брегови, алги и мали островски екосистеми. Британскиот природонаучник Алфред Валас опиша разделувачка линија меѓу распределеноста на азиските и австралоазиските видови во Индонезија. Позната е како Валасова линија и се наоѓа во правец север-југ и минува по работ на гребенот Сунда, помеѓу Каламантан и Сулавеси и низ длабокиот Сундски Проток помеѓу Ломбок и Бали. Западно од линијата преовладува азиска флора и фауна, а источно од Ломбок преовладувадуваат австралоазиски видови. Во неговото дело „Малајскиот архипелаг“ од 1869 година, тој опишува голем број на видови кои се единствени за оваа област. Регионот на острови помеѓу линијата и Нова Гвинеја се вика Валасеа.

Оваа шокантна вест ја објави  весникот „Стрејт тајмс“.

„Доколку не се преземе итна акција, на уште четири острови во рамките на таа провинција им се заканува исчезнување“, предупредува експертот.

Шефот на локалниот Форум за заштита на животната средина, Хајрул Собри ја потврди оваа информација и рече дека во моментот „Бетските и Гундулските острови се наоѓаат на 1-3 метри под морското ниво“.

Индонезија, е држава која се наоѓа во југозападна Азија и Океанија и е составена од 17 508 острови и 33 провинции. Со над 260 милиони жители, Индонезија е четвртата најнаселена држава во светот и е земја со најголем број на муслимани. Индонезија е република, со законодавно тело и претседател кои се директно избрани. Главен град на Индонезија е Џакарта. 

И покрај големиот број на жители и густо населените региони, Индонезија има огромни области со дивина благодарение на кои таа се наоѓа на второто место во светот со најголем степен на биодиверзитет. Земјата е богато обдарена со природни ресурси, но сепак сиромаштијата останува широко распространета во современа Индонезија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.