Расправата, согласно Деловникот на Собранието, во Комисијата може да трае до 10 работни дена, потоа со дополнување, доколку има прифатени амандмани, ќе се расправа на пленарна седница.

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 ноември, 2020 9:28

Догодина ќе се троши најголемиот Буџет во износ од 4 милијарди и 25 милиони евра

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Следната недела почнува собраниската расправа по Предлог-буџетот за наредната година.

Расправата почнува во матичната Комисија за фианансирање и буџет, закажана на седница на 24 -ти овој месец.

Расправата, согласно Деловникот на Собранието, во Комисијата може да трае до 10 работни дена, потоа со дополнување, доколку има прифатени амандмани, ќе се расправа на пленарна седница.

Владата го усвои Предлог-буџетот минатата недела на 11 ноември, а министерот за финансии наредниот ден, на 12 ноември, го достави до Собранието, предавајќи го официјално на претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.

Буџетските приходи се проектирани на 212,6 милијарди денари или за 8,3 отсто повеќе во однос на вториот ребаланс на буџетот за 2020 година. Расходите за 2021 година се проектирани на ниво од 247,5 милијарди денари или за 2,1 отсто пониско ниво од расходите предвидени со вториот ребаланс на буџетот за 2020 година. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од 34,8 милијарди денари или 4,9 отсто од БДП, што е за 3,6 процентни поени помалку во однос на проектираниот буџетскиот дефицит за 2020 година.

Во фокусот на овој буџет се заздравување на економијата, забрзан раст, заштита на здравјето на граѓаните, на работните места, на стопанството, кратење на неприоритетните трошоци и подобра реализација на капиталните расходи.

Очекувањата се дека ефектите од рестриктивните мерки поради пандемијата во следната година ќе ослабнат и се очекува растот на економијата да достигне 4,1 отсто и 4,6 отсто во 2022 година.

Од Владата оценија дека предложениот буџет е за економска стабилност и забрзан раст, со долгорочна фискална консолидација за 2021-2025 година.

-Предлог Буџетот за 2021 година, обезбедува одржливост, рационализирање на трошењата со оптимизација на расходите на јавната администрација и дигитализација на јавните услуги како и прецизни проекции со цел ефикасно справување со епидемијата. Дополнително, обезбедена е буџетска резерва и во случај на продолжено траење на пандемијата, рече премиерот Зоран Заев на заедничка прес-конференција со министерот за финансии на која го претставија предлог-буџетот.

Министерот за финансии Фатмир Бесими наведе дека со овој буџет се почнува нов концепт. -Кога се подготвуваше буџетот за 2021 пристапивме согласно концептот на СМАРТ финансии. Планираме стратешки, подолгорочно и одговорно, воедно планираме тоа да биде одржливо, реформски и  транспарентно. Планиравме паметно. Се консултиравме со деловната заедница, експерти, универзитетски професори, Делегацијата на ЕУ, Светска банка, ММФ, меѓународната заедница и останати општествени чинители. Со овој буџет почнуваме нов концепт, одиме подалеку од фискалната година од 12 месеци и ја менуваме со петгодишна рамка. Оваа среднорочна рамка го опфаќа растот, дефицитот, јавниот долг, како и капиталните проекти – кои вообичаено се реализираат во повеќе буџетски години и немањето среднорочна рамка е една од причините за послабата реализација, рече Бесими.

Со овој буџет предвидена е стратегија за заздравување на економијата и забрзан раст или SmartER Growth, политики за буџетска консолидација од 2021 до 2025 година и план на јавни инвестиции 2021-2025.

Стратегијата за заздравување на економијата и забрзан раст е насочена, пред се, кон заштита на здравјето на граѓаните, стопанството и работните места, понатаму забрзување на процесот на ревитализирање на економијата и зајакнување на конкуретноста и забрзување на растот по завршување на фазата на ревитализирање.

Очекувањата за 2021 година за нашата економија е дека ќе забележи раст од 4,1 отсто во 2021 година, по што во 2022 година се очекува раст од 4,6 отсто, во 2023 од 5,2 отсто, во 2024 од 5,6 отсто и во 2025 од 5,9 отсто. Проекцијата за 2025-2030 година е просечен раст на економијата од 5,75 отсто.

Предвидено е економското заздравување од Ковид-19 преку мерки за заштита на здравјето на граѓаните и социјалната заштита на најзагрозените категории, како и поддршка на економијата, приватниот сектор и заштита на работните места. По економското заздравување, предвидени се мерки и политики за забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Тие ќе бидат во насока на добро управување – односно владеење на правото, сузбивање на корупцијата и подигнување на капацитетот на институциите. Исто така, обезбедување на фискална одржливост, макроекономска и финансиска стабилност. Обезбедување и на локален и рамномерен регионален развој, одржлива и здрава животна средина и дигитализација на економијата и јавните услуги. Ќе се работи и на зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор, на зајакнување на трговските врски и интеграцијата во глобалните синџири, а меѓу врвните приоритети ќе бидат и инвестициите во човечки капитал.

Предвидени се политики со кои во следните пет години постепено ќе се намалува дефицитот и истиот –  во 2022 година е проектиран на – 3,8 отсто, во 2023 година на -3,2 отсто, во 2024 на -2,8 отсто и 2025 година на -2,1 отсто. Со ова, според Бесими, на среден рок ќе се стабилизира и јавниот долг, односно проекцијата е дека до 2025 ќе се намали на 58,8 отсто од БДП.

Неговите оценки се дека Предог буџетот за 2021 година е буџет за ревитализација на економијата и враќање на патеката на економски раст – раст кој треба да биде двојно поголем во однос на изминатата деценија, или во просек 5 отсто од БДП.

Со овој буџет, според него, поставуваме основи за градење на добар систем кој ќе гледа долгорочно, ќе има поголеми капацитети за антиципирање и планирање на политиките и соодветно ќе одговори на различни ситуации создава здрави основи за поголема предвидливост. Новиот систем на финансии – СМАРТ финансии е ориентиран кон стратешко планирање и мерење на резултатите. Ваквите системи се проактивни и даваат резултати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...