Каква апатичност, кога зборува за безбедност, дали Меркел мисли на таква безбедност, каде што девојките ќе се плашат да излезат на улица да не бидат убиени???

Објавил: Македонка Димкин | 9 септември, 2018 20:27

Додека Меркел дели лекции, во Германија протести со слики на убиените од азилантите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Германија деновиве се одржаа маршеви во чест на загинатите, кои беа  брутално убиени  од страна на азилантите во Германија, претежно од Авганистан, Ирак и другите арапски земји, кои пак се директно заштитени од  Канцеларката Меркел која вчера беше во Македонија да демонстрира „живот„ и да изврши притисок за претстојниот Референдум.

И само што се одржаа едните протести пред некој ден повторно трагедија во Германија, Убиен Даниел Х. 22 годишното момче од Хемниц во северна Германија. 

Револтот на Германците порасна до тоа ниво дотолку што во организација на нови контра протести се вклучија и екстремистите кои досега важеа за неутрализирани  и под контрола

Протести во Германија поради убиството на 22 годишниот Даниел Х, кој беше брутално убиен при една кавга со Авганистанец. Полицијата на крајот од протестите примени сила со водени топови при што успеаја да ја растераат бесната толпа на народот.

Сепак полицијата реагираше со огромна сила и во Хемниц. и AfD и Pegida  не можеа да го одржат својот погребен марш за убиениот Даниел Х.  Поради неколку блокади на насилни левичарски екстремисти, настанот мораше да се распушти по кратко време. Според Репортерите на МЛАДИТЕ СЛОБОДИ, контра-демонстрантите се обиделе да пробијат на митингот. Полицијата, која беше засилена  со неколку единици на федерални полиција успеаја да  спречат, за да не избијат нови немири.

Од ова имајки ги информациите од терен се претпоставува дека Левите- Екстремни сили нема да застанат тука и дека се спремаат нови протести кои се со една и единствена порака дека Меркел мора да запре со мигрантската политика и дека во Германија мора повторно да завладее правото на слободно движење без страв дека ќе бидеш убиен.

Оттука легитимно е прашањето на каква безбедност мисли Меркел па и другите европски политичари, кога демонстрираат европски вредности?. И дали е тоа некој нов начин на европска вредност каде што девојките и жените, со страв ќе излегуваат на улица. Од друга страна веднаш се поставува потпрашањето која е овде улогата на НАТО на стабилност и просперитет??? Зошто во земјите на НАТО се случуваат брутални убиства на Азиланти и дали Меркел дојде со една задача да го осигура протерувањето на непослушните азилантите во Македонија??? На ова прашање доправа ќе имаме одговор…..

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...