Нови главоболки со целосната либерализација на пазарот со електрична енергија за македонските домаќинства

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 10:04

До ноември да си одлучите од кого ќе купувате струја следната година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

600 000 домаќинставата до ноември треба да изберат од кого ќе купуваат струја следната година, кога почнува и целосната либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

Регулаторната комисија очекува понуди за домаќинствата да дадат осум компании кои активно работат и имаат лиценци за снабдување. Тие ќе ја одредат цената на струјата но и тоа дали ќе остане евтината тарифа од два часа на ден. 

Доколку домаќинстава не потпишат договор со никого, по автоматизам ќе се снабдуваат со струја од универзалниот снабдувач што допрвата треба да биде избран на јавен оглас.

„Секое домаќинство, особено малите потрошувачи имаат право од регулираниот пазар да отидат на слобопдниот пазар и да се вратат назад. Рокот е 21 ден. Дали ќе има пшенали зависи од договорите кои ќе потпишат снабдувачите, досега праксата покажала дека за домаќинствата нема казнени пенали, туку се оставаат слободно да избираат.“ – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија.

Бислимоски тврди дека правилата за снабдување, кои се направени според новиот Закон за енергетика, се во целосна заштита на потрошувачите. Посебен акцент ќе се стави на ранливите категории кои не смеат да бидат исклучени од струја во зимските месеци.

„Очекувам дека покрај стандардните потрошувачи кои примаат одредена социјална помош, опфатот на ранливите клатегории на потрошувачи на кои нема да може да им се исклучува струјата ќе биде зголемен, зошто имаме потрошувачи кои имаат проблем со наплаќањето на струја.“ – изјави Бислимоски.

Во моментов 93 проценти од потрошувачите редовно си ги плаќаат сметките за струја. Дали и на слободниот пазар компаниите ќе ги исклучуваат домаќинствата за една неплатена сметка, дополнително ќе се одлучува.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...