Во овие две години не се одлучивме да ги зголемуваме пензиите популистички пред избори, туку ги зголемуваме согласно закон, вели премиерот Заев.

Објавил: admin@magazin | 5 октомври, 2019 17:46

Заев: “Најавувам дека во 2020 ќе следи покачување на пензиите какво што досега не е видено во Македонија„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска на трибината на СДСМ „На прав пат„ во Штип, премиерот Заев најави дека во 2020 година ќе следи покачување на пензиите какво што досега не е видено.

– Во овие две години не се одлучивме да ги зголемуваме пензиите популистички пред избори, туку ги зголемуваме согласно закон. Чесниот пристап што го имаме ни наложува прво да го стабилизираме Фондот, без при тоа оштетени да бидат идните пензионери. Фондот сега се стабилизира и најавувам, овде во Штип, во 2020 ќе следи покачување на пензиите какво што досега не е видено – рече Заев.

Чесните политики, додаде тој, ќе донесат сериозно зголемување на пензиите, а нема да биде оштетен Фондот или идните пензионери.

Возот Република Македонија е на шините, може и да се клати, но е на прав пат, порача претседателот на СДСМ,

На прав пат е државата, Штип е на прав пат, изјави денеска претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ и градоначалник на Штип Благој Бочварски, денеска на трибината на СДСМ „На прав пат”, пред Штипјани.

Ова е вистинскиот пат, ова е правиот пат, ние тргнуваме по овој пат и затоа ве повикувам да се приклучите сите заедно со нас на вистинскиот на правилниот пат, за економски раст, за напредок, за интеграција, за повеќе пари кај граѓаните за повисок стандард, продолжуваме напред, рече Бочварски денеска пред многубројните насобрани граѓани во Штип на отворената трибина на СДСМ под мотото ,,На прав пат”.

По 11 години тепање на студенти, затварање на медиуми, сега СДСМ се грижи за граѓаните, со одговорни, а не со популистички политики, ги решава најтешките проблеми наследени од минатото и води грижа за секој денар на граѓаните, рече Бочварски.

На трибината „На правиот пат“ се обрати и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...