ВМРО-ДПМНЕ секој месец ќе поднесува законски решенија во Собранието за добро на граѓаните, првото од нив е покачување на пензиите за 10%

Објавил: Перо Милчин | 10 ноември, 2018 16:47

За добро на граѓаните покачување на пензиите за 10%

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и народна партија секој месец ќе поднесува по едно законско решение кое ќе биде за добро на граѓаните. Безидејноста на СДСМ ги дотера граѓаните до питачки стап.

На денешната пресконференција за медиуми потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски истакна дека првото законско решене кое ќе го поднесе ВМРО-ДПМНЕ, преку пратениците во Собранието е покачување на пензиите на пензионерите за 10%. Доколку СДСМ е чесна во намерите секој еден пензионер ќе има 10% повисока пензија. Доколку на СДСМ им се важни граѓаните и нивниот живот да стане подобар, ќе го прифати ова решение и ќе го изгласа во Собранието.

Во услови кога оваа власт ја урнисува економијата и предизвикува социјално и економско цунами на секое поле, ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија има обврска да понуди јасен концепт за економска политика која ќе носи бенефит и за стопанството, и за работниците и за сите граѓани на Република Македонија.

Работењето на оваа власт покажа дека тие немаат визија ниту концепт за водење на економијата. Погледнете ги само проекциите на раст на БДП на сите релевантни домашни и странски финансиски институции кои секојдневно ја демантираат власта која прогнозираше раст од 3,2% и сите наеднаш ја преполовија.

НБРМ ги спушти проекциите за раст на БДП на од 3,2% на 2,3%, Европската комисија прогнозира раст од 2,1 отсто, ММФ исто така ја намали, односно ја преполови проекцијата за економскиот раст на земјава годинава од 3.2% на само 1.6%, Светска банка ја намали прогнозата за растот на економијата во Македонија на 2,3 отсто.

Уште пострашно е што додека БДП-то расте минимално, долгот се зголемува галопирачки. Така оваа година ќе ја завршиме со надминување на психолошките граници од од над 5 милијарди евра јавен долг, додека пак државниот долг од над 4 милијарди евра. Ова значи дека владата ниту со шминки, ниту со покачување на даноци нема да може да ја ублажи економската катастрофа која ни се случува, туку напротив се повеќе и повеќе ќе ја влошува.

Потребни се итни конкретни мерки кои ќе го зачуваат стандардот на граѓаните. Таква мерка е покачувањето на пензиите како прва мерка на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја предложи од кои егизистираат не само пензионерите туку и нивните семејства. Средтсвата кои оваа власт ги троши на набавки на возила, лубриканти, цвеќиња, бадеми и фстаци треба да се насочат кон нешто што ќе го зголеми стандардот на граѓаните, потрошувачката и квалитетот на живот на граѓаните. Очекуваме дека Владата ќе има слух за овој предлог, бидејќи тоа не го бара само ВМРО-ДПМНЕ, тоа е барање на граѓаните кои секој ден се соочуваат со осиромашување и тенчење на нивниот буџет, вели Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...