Возачот веднаш го запрел возилото, но со голема брзина пожарот се проширил и во останатите простории во автобусот.

Објавил: admin@magazin | 6 април, 2019 14:11

Изгоре српски автобус во Салзбург, 12 патници евакуирани !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во близина на Салзбург, автобус од автопревозник од Куршумлија, на линијата Прокупје-Минхен, изгоре во потполност во четвртокот околу 23 часот!

Како што пренесува српски курир.рс патниците почувствувале чуден мирис во внатрешниот дел од автобусот, на патот кога оделе за Минхен. Возачот веднаш го запрел возилото, но со голема брзина пожарот се проширил и во останатите простории во автобусот. 

Во моментот на несреќата во автобусот се наоѓале 12 патници, кои на голема среќа веднаш биле евакуирани. На автобусот е причинета огромна материјална штета која се проценува на околу 200.000 илјади евра. Возачот поради труењето од чадот, веднаш е хоспитализиран во најблиската локална болница.

Необично е на таков нов автобус да се случи ваква ситуација, изјави извор од германската полицијата

Пожарот го гаснеле 11 возила од пожарната екипа, а шлеп службата го однела изгорениот автобус од автопатот. Поради гаснењето на пожарот автопатот А8 беше затворен до 0.30 часот. 

Салзбург е четврти град по големина во Австрија, сместен во средишниот дел на државата. Преставува административен, економски и културен центар на истоимената покраина Салцбург.

Градот е познат по барокниот стил, еден од најсочуваните во Средна Европа. Поради тоа, градското јадро претставува културно наследство заштитено од УНЕСКО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...