Организацијата за економска соработка и развој ја објави листата на најобразовани земји во светот, Македонија со "Универзитет во секој град и факултет во секое село" никаде ја нема

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 8:03

Канаѓаните најобразовани, следат Јапонците

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Канада е на прво место на ранг листата на најобразовани држава во светот, составена од страна на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), мерејќи го  нивото на образование на возрасни во 36 земји-членки на таа организација.

Според ОЕЦД, над 56 oтсто од возрасните канадски државјани стекнале некој вид образование по средното училиште.

ОЕЦД нивото на образованост на државата, го изрази како процент од возрасното население, на возраст меѓу 25 и 64 години, кои завршиле некој вид терцијарно образование, односно се стекнале  со диплома на двегодишни или четиригодишни студии или стручна специјализација.

Надвор од Канада, на второ место е Јапонија со 50,5 проценти од возрасните со вишо и високо образование, по што следи Израел (49,9 проценти), Јужна Кореја (46,86 проценти) и Обединетото Кралство со 45,96 отсто се најде на петто место.

САД, и покрај фактот дека повеќе Американци посетуваат колеџ повеќе од кога било досега и што државата доминира на ранг листите на  најдобрите универзитети во светот, го заземаа шестото место меѓу најобразованите држави.

Според ОЕЦД, 45,7 проценти од возрасните Американци на возраст од 25 до 64 години завршиле некој вид на високо образование.

На седмо место е Австралија со 43,74 отсто од дипломирани студенти, осма е Финска (43,6 отсто), по што следи Норвешка (43,02), а листата на првите 10 образовани државата ја заклучува Луксембург со 42,86 отсто од возрасните граѓани кои имаат стекнато образование од трет степен. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...