СОБРАНИЕТО ВО ОВОЈ ПАРЛАМЕНТАРЕН СОСТАВ ПОЧНА ДА РАБОТИ И ЌЕ ЗАВРШИ КАУБОЈСКИ И ПРЕДАВНИЧКИ, ЗАКЛУЧИ КАРАКАМИШЕВА!

Објавил: Перо Милчин | 16 февруари, 2020 14:09

Каракамишева збриша патос со Џафери: Таљат дозволи да се случи ТЕАТАР и САМОВОЛИЕ во Собранието

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во собранието беше изгласан Законот за Јавното обвинителство со 80 гласа ЗА, шест Против и без воздржани.

Таљат Џафери уште еднаш во криминален поход на кршење на Деловникот на Собранието и флагрантно кршење на постапката на одлучување и гласање на закон во Собранието.

На почетокот од Седницата изгласаа само 74 пратеници, по што претседателот Џафери го поништи, бидејќи како што рече, не видел дека пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, побарала процедурално да говори.

Професорката Тања Каракамишева реагираше на социјалните мрежи велејќи дека ова самоволие и кршење на Деловникот на Собранието од страна на Таљат, е кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување како и кривично дело несовесно вршење на службата. 

Ако претседател на Собрание ја заклучил расправата и точката по која се расправало ја ставил на гласање, и ако пратениците гласале по законот, претседателот на Собранието НЕМА ПРАВО, НИТУ ИМА ДЕЛОВНИЧКО ОВЛАСТУВАЊЕ да го поништи гласањето.

Дополнително што Деловникот на Собранието не предвидува ПОНИШТУВАЊЕ на веќе спроведено гласање, пишува Каракамишева.

Во случајот со Законот за јавното обвинителство Џафери целосно ги прекршил чл. 95 и чл. 103 од Деловникот, бидејќи прво, дозволил да започне постапката на гласање и гласањето било спроведено, но откако го видел резултатот неповолен за власта одлучил самоиницијативно и самоволно да го поништи гласањето на пратениците и без никаква деловничка поткрепа да им даде право на процедурално обраќање на двајца пратеници надвор од сите деловнички процедури.

По заклучување на гласање и по завршено гласање ПРАТЕНИК НЕМА ПРАВО ДА БАРА,НИТУ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ СМЕЕ ДА ОДОБРИ ПРОЦЕДУРАЛНО ОБРАЌАЊЕ НА ПРАТЕНИК.

Таљат тоа добро го знае, но дозволи да се случи ТЕАТАР и САМОВОЛИЕ во Собранието.
Ова самоволие и кршење на Деловникот на Собранието од страна на Таљат е кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување како и кривично дело несовесно вршење на службата.

ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА!

СОБРАНИЕТО ВО ОВОЈ ПАРЛАМЕНТАРЕН СОСТАВ ПОЧНА ДА РАБОТИ И ЌЕ ЗАВРШИ КАУБОЈСКИ И ПРЕДАВНИЧКИ, ЗАКЛУЧИ КАРАКАМИШЕВА!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...