КАРИЕС КАКО ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ ВИНОВНИЦИ ЗА ОШТЕТУВАЊЕ НА ЗАБИТЕ КАЈ МАЛИТЕ ДЕЦА.

Објавил: admin@magazin | 17 ноември, 2018 23:57

КАРИЕСОТ – СЕ ПОВЕЌЕ ЗАСТАПЕН КАЈ МАЛИТЕ ДЕЦА

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Кариесот е едно од најчестите заболувања на забите кај возрасните луѓе и кај децата.Се поголем е процентот кај пациенти што страдаат од оваа болест и заболување кое се јавува во повеќе форми и степени на заболени места и ткива.

Најмалку 4 милиони деца во светот кои се на граница до 6 години имаат кариес на своите заби.Редовната контрола кај стоматолог е најдобрата превенција за нашите заби да изгледаат здраво.

Кариесот е хемиско и паразитно заболување на тврдите ткива на забите и ако е откриен во ран стадиум,може да се излечи и без бушење.Не навремените прегледи кај стоматолог можат да придонесат сериозни оштетувања не само кај забите туку и кај дигестивниот тракт. Во последно време за жал кариесот е многу застапен кај деца што се во порана возраст.Како последица од тоа заболување можеме да кажеме дека има повеќе фактори што влијаат на таа забна болест,која е се почесто и почесто застапена.Најмалку 4 милиони деца во светот кои се на граница до 6 години имаат кариес на своите заби. Таа бројка е значително зголемена во текот на последните години.

Кариесот е настанат од голема група на бактерии, кој се наталожени на површината на забот и ако не се интервенира на време,може да предизвикаат сериозни оштетувања на корените и структурата од забот. Најпознати бактерии што ја оштетуваат површината и внатрешноста од забот се lactobaciller i mutans streptokocker. Тие се бактерии што се хранат со шеќер и произведуваат силна киселина, која ја напаѓаат надворешноста и внатрешноста глеѓа од забната конструкција, а исто така ги разградуваат јаглехидратите од шеќерот на забот. Како едни од главните фактори зошто децата имаат кариес е јадење на најразлична храна од секаков вид производи,кои не се добри за развојот на детската вилица и оформувањето на здрави заби.

Внесување шеќер во организмот во големи размери,недоволна употреба на флор на забите кај децата,нередовната хигиена сето тоа доведува до дехидрација на забите,со тоа опаѓаат вредните состојки од забите и доаѓа до висок степен на кариес.За жал децата во денешно време се изложени на најразлични неприродни предизвици,кога се работи за нивните заби.Родителите треба да се фокусираат многу на своите деца,посебно деца што се на возраст од една година па нагоре.Тие не се во способност да одржуваат секојдневна хигиена на забите и затоа родителите имаат голема одговорност околу тој дел на превенција кој мора да се употребува секојдневно.

Здравата исхрана и редовно четкање на забите во борба против кариес.

Треба редовно да се употребува детски забен крем и специјални четки,а составот на влакната да им е мек и да се специјално произведени за детска употреба. И да не се заборави секако дека четките треба да се менуваат на секои два месеци,бидејќи на тој начин го намалувате ризикот на размножување на бактериите во уста кај вашето дете. Кариесот може да постане и хронична болест и сериозно може да делува во функцијата на нашата уста.За жал од усната празнина можат да се прошират и бактерии низ нашето тело и на тој начин имуниот систем кај еден човек и дете може значително да ослабне,секако заедно со повеќе фактори. Применувајте ги своите здрави навики кај вас и вашето дете,бидејќи на тој начин ќе ја сочувате насмевката и здравата форма на вашите заби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...