Пропадната банка, зголемен број на невработени и ветување за 34.000 денари просечна плата и 20.000 денари минимална плата

Објавил: Данаил Михајловски | 26 август, 2020 10:58

Мандаторот Заев и неговиот економски тим

Фото/Текст извор: ©магазин

Старо-новата влада на Македонија е коалиција од СДСМ и ДУИ, засилена со БЕСА, и ДПА, чиј претседател Мендух Тачи сеуште е на црната листа на САД. Во коалицијата на СДСМ не треба да се заборават и помалите партнери како НСДП на Тито Петковски, ДС на вечниот политичар Павле Трајанов, како безгласната партија ЛДП на чело со Горан Милевски. како и да е, колки и овие мали партии да се небитни, секое нивно незадоволство може да го потресе тенкото мнозинство на СДСМ и ДУИ од 62 пратеници. Но, она што е битно е дека Заев се реши да ги задржи ресорите Правда, МВР, Здравство и Образование, иако предизборно ветуваше дека економијата ќе биде приоритетот на СДСМ.

Владата на нозе, економијата на колена

Од почетокот на 2020 година негативните економски параметри станаа забележителни. Македонската економија оствари скромни резултати во првиот квартал од 2020, со раст на БДП од само 0,2%, резултат многу помал од проекциите и очекувањата. За споредба соседна Србија беше алеку подобра, каде растот на БДП во првиот квартал од 2020 година достигна 5%, а имаа и поголем број на странски инвестиции. Во Македонија индустриското производство кумулативно во периодот во периодот јануари-јуни 2020 споредено со истиот период во 2019 година, бележи пад од 14,6%, бројот на работниците  кумулативно за периодот јануари – јуни 2020 година е намален за 4,4%, а стокова размена со странство во првото полугодие падната за 22,3%. Се на се, лошо економско полугодие, кое владата на Заев пред изборите најави дека ќе го подобри и дека следуваат подобри економски месеци за фирмите и за граѓаните.

Бројот на невработени во изминативе неколку месеци драматично расте, и покрај тоа што Агенцијата за вработување одбива да ги објави официјалните бројки на вкупно вработени и невработени лица за последниот квартал.

Економскиот тим на владата: Заев, Фатмир Бесими (ДУИ) и Фатмир Битиќи (СДСМ)

Заев одлучи на ДУИ да го додели ресорот министерство за Финансии, но за вице-премиер за економски прашања да го постави Фатмир Битиќи од СДСМ. Токму Битиќи, кој важи за еден од креаторите на економската програма на СДСМ, во јули оваа година изјави “како влада креираме конзистентни мерки, и затоа знаеме и можеме да се справиме за зачувување на секое работно место, со зголемување на просечната плата на 34.000 денари и зголемување на минималната плата на 20.000 денари“. Дали ваквите ветувања се само предизборна реторика или владиниот економски тим има реален плад да го оствари тоа во реалноста, наскоро ќе дознаеме.

Сепак, пропаѓањето на Еуростандард банка, која загрози околу 20.000 пензионери и уште 30.000 правни и физички лица како нивни штедачи и клиенти, е еден показател дека надолниот економски тренд трае. Досегашните министри за финансии не успејаа да направат позитивен пресврт.

Поранешниот министер Тевдовски влезе во недоразбирање со Заев и Анѓушев и беше сменет, додека пак министерката Нина Групер и самата стана дел од аферата на пропаѓањето на Еуростандард банка, со тоа што знаела за нејзините ризични пласмани и навреме си ги повлекла своите 200.000 евра од банката. Во меѓувреме недовербата во банкарскиот сектор порасна. Оваа есен ќе почнат да доаѓаат ратите кои секој граѓанин ќе треба да ги плати во банките, а на сцена повторно стапуваат и извршителите, кои предизборно беа ставени во мораториум. Струјата е поскапена, а можеби ќе следува и парното. Надеж за подобар стандард постои, но досегашните економски показатели не се оптимистички.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...