Износот за К-15 за 2019 година ќе се движи од 10.088 до 14.985 денари.

Објавил: admin@magazin | 11 декември, 2019 9:45

Министерство за труд предупредува: Газди исплаќајте К15, работници – пријавувајте нерегуларности

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Регресот за годишен одмор К-15 треба да се исплати најдоцна до 31 декември 2019 година и се пресметува врз основа на просечната нето и бруто плата во последните три месеци.

Петседателката на „Гласен Текстилец”, Кристина Ампева во интервју за порталот „МКД“ изрази загриженост дека тексилните работодавци ќе продолжат да манипулираат со задолжителната исплатата на К15, така што ќе пријавуваат загуби.

„Сумата за К15 е зголемена согласно зголемувањето на минималната плата и просечната плата и изнесува годинава од 10.080 до 14.000 денари. Но, затоа делот со манипулација на исплатата на К15 останува во колективниот договор, така да, работодавците лесно ќе пријават загуба, независно дали тоа ќе биде инвестиција или нов џип“, вели претседателката Ампева.

Износот за К-15 за 2019 година ќе се движи од 10.088 до 14.985 денари.

За фирмите кои се уште не исплатиле, имаат уште еден месец да ја завршат оваа законска обврска бидејќи предвидени се парични и затворски казни за работодавачот.

К-15 не им следува на сите вработени

Исплата на К-15 не треба да очекувате доколку е исполнет еден од следните услови:

1. Вработени сте во некоја јавна институција, односно во јавниот сектор. Вработените во јавниот сектор се уште немаат право на К-15 бидејќи тоа не е пропишано со нивниот Колективен договор.

2. Имате стаж во компанија кој не е подолг од шест месеци со што автоматски не ви следува исплата на регрес за годишен одмор бидејќи К-15 им се исплаќа само на вработени кои се пријавени кај ист работодавач најмалку шест месеци.

3. Доколку работите кај еден ист работодавач подолг временски период од шест месеци, но имате прекин во работен стаж.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...