Во следниот период, УЈП очекуваат граѓаните да пријавуваат ако се соочат со злоупотреби при исплаќање на минималецот.

Објавил: admin@magazin | 1 декември, 2019 16:21

ОД ДЕНЕСКА ГРАЃАНИТЕ ПОБОГАТИ ЗА НЕКОЈ ДЕНАР: Стартува минималната плата од 14.500 денари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од денеска според новиот закон ниту еден вработен во државава, од овој месец нема да добива плата помала од 14.500 денари.

Од Владата на Република Македонија очекуваат со новиот закон, да се зголеми стандардот на работниците, но исто така и да се поттикне натамошно зголемување на платите, кои претходно биле исти или повисоки од сегашната минимална плата.

УЈП очекуваат граѓаните на земјава да пријавуваат ако се соочат со злоупотреби при исплаќање на минималецот, од страна на сопствениците во фирмите каде што работат.

Пријавите ќе се доставуваат до Трудовиот инспекторат кој на терен треба да проверуваат дали се почитува законот.

До УЈП и претходно и сега претпоставувам со поголем интензитет, ќе стигнуваат анонимни пријави или пријави каде се имаат потпишано работници кои се судруваат со ваков проблем.

Тие пријави ние ги доставуваме на понатамошно постапување до Трудовиот инспекторат, ние постапуваме во нашиот дел во даночната област, но Трудовиот инспекторат треба да утврди на лице место дали има какви било злоупотреби. Очекувам дека во наредниот период ќе имаме повеќе консултации и со трудовиот инспекторат се со цел работниците да ги остваруваат своите загарантирани права“-изјави Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...