Најмногу од Швајцарија – 26 илјади, Германија – 19 илјади и Италија со над десет илјади самопопишани граѓани.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 март, 2021 7:58

Попишани се над 82.000 нашинци во дијаспората

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/фокус

Првата фаза од Пописот успешно заврши и беа опфатени вработените од Дипломатско-конзуларните претставништва, припадниците на АРМ во странство, затворениците и бездомниците.

Самопопишувањето на дијаспората продолжува и се одвива без проблеми, а отстранети се сите технички проблеми. Заклучно до денеска попишани се над 82 илјади наши сограѓани од странство.

Најмногу од Швајцарија – 26 илјади, Германија – 19 илјади и Италија со над десет илјади самопопишани граѓани.

Завршени се обуките на државните инструктори, кои заедно со комисиите на пописните региони ќе го организираат тестирањето на кандидатите кои се пријавуваат на дополнителниот Конкурс за попишувачи, кој е отворен до утре.

Попишувачите ќе имаат можност да заработат хонорар и до 35 илјади денари и ќе бидат на терен од 1 до 21 април годинaва. Најголем број од досега пријавените се студенти и невработени.

Ова го порачаа на заедничка прес-конференција за претстојниот Попис на население, домаќинства и станови, портпаролите на Владата Душко Арсовски и Муамет Хоџа.

– Пописот е неопходен и е од највисок интерес за државата. Токму затоа, секој од нас треба да придонесе да се спроведе оваа статистичка операција, што ќе даде статистички податоци важни за проектирање стратешки планови за натамошен развој на државата. Методологијата е дефинирана според сите стандарди на ОН и на Евростат и гарантира успешност. Институциите имаат капацитет и гарантираат спроведување на пописот согласно сите здравствени протоколи во услови на пандемија и граѓаните ќе бидат заштитени, рече Арсовски.

Хоџа, во однос на попишувањето на дијаспората, рече дека се остранети првичните пречки и оти се задоволни од одзивот на самопопишаните граѓани.

Тој упати апел до дијаспората активно да учествува во реализацијата на пописот што ќе трае до 21 април годинава.

Портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски, информираше дека пописот се одвива успешно во воспитно поправните домови и затворите.

– Се помина успешно и од Управата за спроведување на санкции не е пријавено дека некое лице се заболело од корона вирусот за време на попишувањето. Нешто што потврдува дека здравствените протоколи функционираат на терен, порача Видиновски.

Тој додаде дека се попишани и бездомните лица во повеќето шелтер центри низ државата, исто така и припадниците на АРМ кои се на мисија во странство и оние кои за време на пописот нема да бидат во своите домови, односно ќе бидат во касарните.

Попис на населението во Македонија во 1948 година – попис извршен во склоп на општиот пописот на населението во ФНРЈ, кој го спровел тогашниот Државен статистички уред на Сојузната планска комисија. Пописот бил завршен на 16 март 1948 година. Пописниот образец содржел 13 прашања и упатство за пополнување. Основната намера на пописот била да се добие увид во состојбата на населението заради процена на воените последици и штети. Републиките на тогашната ФНРЈ се делеле на градови и срезови.

На новинарско прашање што ќе се преземе доколку не се пополни бројката и на овој конкурс за попишувачи, Јасмина Георгиева од Државниот завод за статистика рече оти се сигурни дека ќе го имаат потребниот број попишувачи и оти ќе можат со полн капацитет да ги почнат пописните активности на 1 април.

– Третиот дополнителен повик за попишувачи е во тек, задоволни сме од одзивот во текот на вчерашниот ден и сигурни сме дека до сабота вечер, додека е отворен повикот, дека ќе го имаме потребниот број на попишувачи. Треба да напоменам дека уште на првиот повик за попишувачи ние го имавме потребниот број на попишувачи и реонски инструктори но овие дополнителни повици за попишувачи се заради рамноправна распределба на попишувачите по реони и со почитување на правичната застапеност на сите етнички заедници и поради тоа што одреден број пријавени на првиот и вториот конкурс не се пријавија на тестирањето па ја користам можноста да ги повикам сите оние кои не се појавија на тестирање ќе имаат можност и сега да учествуваат на тестирањето, рече Георгиева.

Во одговор на прашањето ако не се пополни бројот на попишувачи дали тоа може да биде причина за одложување на пописот, Георгиева рече дека доколку и да се претпостави таква можност, доколку го немаат потребниот број, тоа не е предвидено во законот затоа што не ни помислувале дека такво нешто може да се случи, и таква одредба нема предвидено во законот.

 Меѓутоа, планот за бројот на попишувачи што е направен е да се тргне на терен и со помал број попишувачи. Затоа придонесува и подолгиот рок што е даден за спроведување на пописот. Ако сите пописи досега траеја 15 дена, овој попис ќе трае 21 ден. Така што сметаме дека одредени попишувачи ќе имаат можност да поминат и во два, три пописни круга, затоа што го имаме доволниот временски рок, но според динамиката како се пријавуваат, ќе повторам дека ќе го имаме потребниот број, рече Георгиева од ДЗС.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...