Теолошки аспект на празникот Илинден

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 август, 2018 10:32

Православните христијани денес го празнуваат Свети Илија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Свети пророк Илија – Илинден пророкот кој пали и гаси на небото и земјата.

Во народното верување Свети Илија се смета за клучар кој го отклучува и заклучува небото и го пушта или запира дождот бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици.

Свети Илија бил Евреин. Живееше 900 години пред Христа. Потекнуваше од градот Тесвит по што беше наречен Тесвиќанецот. Кога се роди околу него татко му виде Божји ангели како го повиваат во оган и го хранат со пламен што укажуваше на неговата подоцнежна пророчка служба. Младоста ја помина во постојано богомолие и во молитва честопати повлекувајќи се на пусти места.

Прорече многу настани и направи голем број чуда со силата Божја што беше во него. Пред крајот на неговиот земен живот го избра за својот наследник пророкот Елисеј а потоа се вознесе на небото во огнена кочија. Се јави пак при Христовото преображение а ќе се појави пред второто Христово доаѓање.

Именден денес празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо …

Големиот македонскит празник Илинден кој во свеста на македонскиот народ најповеќе асоцира на славното Илинденско востание и на Крушевската Република сепак во својата основа го имаат Свети Илија – лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Илинден

Претседателот Иванов на централната манифестација во Крушево со јасни пораки и за Илинден и за политичката криза која се создаде со Договот за промена на името

Иванов: “Судбината на Македонија е во рацете на самите Македонци!”

Не го прифаќам грчкиот договор кој е на штета на македонскиот национален...