Во саботата беше продадено и БМВ М-3 од 1995 година кое достигна цена од 385.000 долари

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јануари, 2020 10:02

Продадени 21 автомобил на покојниот актер Пол Вокер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дури 21 автомобили во сопственост на покојниот актер Пол Вокер беа продадени на традиционалната „Барет-Џексон“ аукција за автомобили која трае една недела а се одржа во во Аризона. Вкупниот приход од наддавањето изнесува 2,33 милиони долари.

Во саботата беше продадено и БМВ М-3 од 1995 година кое достигна цена од 385.000 долари

Нисанот 370-з што е користен во „Брзи и бесни 5“ беше едно од најпривлечните возила на аукцијата и беше продаден 105.600 долари.

Пол Вокер беше страстен вљубеник во автомобили. Неговата слва ја достигна во серијалот филмови „Брзи и бесни“.

Аукцијата се одржа од 11 до 19 јануари, а на продажба беа ставени 21 возило од неговата колекција што вбројува автомобили, пикапи и мотоцикли.

Пол Вокер загина на 30 ноември, 2013 година во сообраќајна несреќа, кога имаше само 40 години.

Пол Вилијам Вокер IV (12 септември 1973 – 30 ноември 2013) бил американски актер. Станал познат во 1999 год. по неговата улога во хит филмот Универзитетот Блуз. Познат бил и по улогата во изненадувачкиот летен хит Брзите и Бесните и оттогаш бил ѕвезда и во продолженијата, Премногу Брзи и БесниБрзи и Бесни, и неодамна објавениот Брзите Пет. Глуми и во други филмови, како Опасно Возење, Трчајќи Исплашен, Во Синилото и Осум Долу. Филмовите во коишто глумел имаат заработено повеќе од 1,1 милијарда долари. Вокер се појавувал и во сериите Експедиција Голема Белина на National Geographic.

Вокер бил роден во Глендел, Калифорнија и израснал во областа Сан Фернандо Валеј на Лос Анџелес, син на Шерил, модел, и Пол Вокер III, шивач. Неговиот дедо по татко бил професионален боксер. Тој бил најстар од петмината, со двајца браќа и две сестри. Вокер растел како член на Св. Судниот-Ден на Црквата на Исус Христос, или Мормон, црква. Го посетувал тамошното христијанско училиште, каде што и дипломирал. По средното училиште, посетувал неколку општински колеџи каде што завршил за морска биологија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.