Од вкупниот број на вработени во земјава, 60,8% се мажи а 39,2% се жени

Објавил: admin@magazin | 21 април, 2019 11:09

Само 1 отсто од жените земаат плата повисока од 40.000 денари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од вкупниот број на вработени во земјава, 60,8% се мажи а 39,2% се жени. Најновите објавени податоци од Државната статистика покажуваат „економски јаз“ по родова основа. Податоците и од невладиниот сектор упатуваат на тоа дека иако работат исто – трудот на жените се вреднува за 18% помалку во однос на мажите, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Во земјава од вкупниот број на работодавци, само 19,4% се жени.

Во земјава во 2017 година имало 290 387 вработени жени, или стапка на вработеност од 34,6 отсто додека бројот на вработени мажи изнесувал 450 261, односно стапка на вработеност 53,6%. Овие бројки покажуваат на сеуште присутната родова нееднаквост, се наведува во истражувањето на Државниот завод за статистика.

Истражувањето покажува дека жените главно се вработуваат на пониско платени работни места. Од секторите најмногу се присутни во образованието, здравството и текстилната индустрија. Во јавната администрација работат повеќе мажите“ – изјави неодамна Маре Анчевска од СИЕР.

Вработеноста во Република „Северна“ Македонија се карактеризира со многу неповолна полова структура. Оваа структура е непроменета во еден подолг временски период, пред сè, поради нестабилните економско-социјални услови во земјата и неусогласеноста на расположливите и потребните профили на пазарот на труд.

Стапката на вработеност во Република „Северна“ Македонија во 2017 година кај жените изнесува 34.6 и е значително пониска во споредба со онаа кај мажите, која изнесува 53.6. Стапката на невработеност кај жените изнесува 21.8, а кај мажите 22.7. Стапката на активност кај жените е пониска и изнесува 44.3, а забележливо е повисока кај мажите и изнесува 69.3% “ – се вели во публикацијата.

Од вкупниот број на работодавачи ( сопствена фирма) во земјава кој изнесува 128 714, 19,4% се жени а останатите 80,6% се мажи или на четири работодавачи од машки род , има само една жена.

Секторски, жените доминираат во образованието, администрацијата, финансиските дејности, здравствената и социјална заштита, преработувачката индустрија.

Од вкупниот број на вработени жени само 1 % или 2 979 вработени земаат плата повисока од 40 000 денари додека од вкупниот број на вработени мажи , оваа плата ја земаат 9 284 или 2,1%. Големи разлики има и кај висината на платат од 25 000 денари до 30 000 денари, па така оваа месечна сума ја земаат 3,9% од жените а 5,2% од мажите. Од друга страна пак официјалните податоци покажуваат дека во вкупниот број на вработени со високо образование, жените учествуваат со 51,7% а мажите со 48,3%.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...