Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во земјава, појасни дека лошата оценка за Владата дошла како резултат на тоа што лани била свртена кон надворешната политика.

Објавил: Данаил Михајловски | 27 март, 2019 16:13

СКАНДАЛ: Германците ја оценија со нула економската политика на владата на Заев!

Фото/Текст извор: ©магазин

Германските бизнисмени во земјава ја оценија со нула македонската влада! Германците сметаат дека владата дала приоритет на надворешната политика, но го изгубила фокусот во економијата. Лоши оценки добија и владините даночни реформи, немањето инвестиции во образованието, недоволноста од стручен кадар, како и борбата против корупцијата која е поврзана и со тендери кои немаат смисла, но и честите промени на законите кои кај бизнис заедницата создаваат правна несигурност.

Ова го објасни г-н Патрик Мартенс, директор на здружението на германски стопанственици во Македонија.

» Германските бизнисмени ги испорачаа оценките во последната анкета за деловната клима во 2018 и 2019 година спореведена во февруари годинава. Највисоки оценки, германските бизнисмени дале за работната сила која е подготвена да работи и да ја подобри продуктивноста, како и трошоците кои ги имаат за трудот иако се зголемени даноците поврзани со тоа. Според германските инвеститори, економската состојба лани во земјава била мошне неповолна.

Вкупно 56% од компаниите ја оцениле како лоша, 39% како задоволителна, а за пет отсто била добра.

Во Македонија работат 201 компанија со германски капитал кои вработуваат околу 20.000 луѓе, а најпознати инвеститори се Дрекслер Маер и Кронберг-Шуберт, кои инвестираа во мандатот на владата на Груевски.

Трговската размена со Германија лани изнесувала 3,64 милијарди евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...