Потенцијалот се зголемува преку долгорочни инвестиции преку подобрување на образованието, здравствената заштита.

Објавил: admin@magazin | 12 април, 2019 7:30

Славески: Oваа влада не може да го постигне потенцијалот на македонската економија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Годинава, македонската економија ќе биде најслаба во регионот со проекција на раст од 2,8 проценти, алармира професорот на Економскиот факултет Трајко Славески, во гостување во емисијата „Во светот на бизнисот”, ги коментираше проекциите на Светска банка.

Славески дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1983 година, а магистрирал и докторирал на истиот факултет во 1988 и 1997 год., респективно. Постдипломските студии ги завршил на Калифорнискиот државен Универзитет во Чико, САД (1986 – 1987 год.) и на Универзитетот Харвард (1989 – 1990 год.). 

За жал тоа е капацитетот на оваа влада да не може да го постигне потенцијалот на македонската економија кој се мери дека е околу 4 проценти раст. Потенцијалот се зголемува преку долгорочни инвестиции преку подобрување на образованието, здравствената заштита.

Значи остануваме на истиот тренд како во минатите година-две. Минатата година со стапка од 2,7 проценти бевме на дното во земјите во Европа особено во споредна со земјите од поранешниот социјалистички блок кои имаат стапки како на пример Полска од 5,1 проценти, Унгарија 4,9 проценти, Словенија 4,5 проценти. Веројатно нивните проекции се во оваа насока и за оваа година, потенцираше Славески.

Во универзитетскиот кампус двете згради кои се неопходни за факултетот за физичка култура и ФИНКИ кои што беа започнати од претходната власт веќе две години ништо не мрднува. Зошто не се завршат? Студентите работат со субстандардни услови, појаснува професорот Славески.

Капиталните инвестиции не страдаат поради претседателските избори. По закон се што е започнато продолжува да се реализира, но проблемот е што тое не започнале како патниот правец Скопје до границата со Косово. Тоа е навистина загрижувачко. Зборува за слаба организација во министерствата и агенциите кои учествуваат во реализацијата на проектите тоа не е така едноставна работа тој менаџмент сега отсуствува. Слабо планирање и буџетирање на проектите.

Парите собрани од даноците треба да се вратат во економијата, а не да стојат во буџетот, и да имаме катастрофална реализација на инвестициите. Имаме низок раст на БДП во 2018 година. Кај инвестициите имаме пад од 7,2 отсто. Во овој пад најмногу влече катастрофалната реализација на бруто инвестициите која беше само 50 посто од планираното. На историски најниско ниво, констатира професорот Трајко Славески.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...