Според Министерството за внатрешни работи, шест лица се повредени.

Објавил: admin@magazin | 24 мај, 2019 19:58

Теористички напад во Франција: Силна експлозија во Лион !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што јавува дописникот на МИА, во центарот на францускиот град Лион, на улицата Виктор Иго, меѓу плоштадот Белкур и железничката станица Лион-Пераш, околу 17.40 часот експлодира бомба.

Како што известува Министерството за внатрешни работи, во нападот се повредени шест лица.

Овој дел на градот моментално е опколен со полиција. Претседателот Емануел Макрон изјави дека во терористичкиот напад нема повредени. Министерството за внатрешни работи ја потврди експлозијата и бара поради безбедност на граѓаните да го избегнат овој сектор.

Минатиот месец исто така неколку лица, меѓу кои и еден малолетник планирале да ги нападнат француските безбедносни сили.

Тие беа уапсени под сомнение за подготовка и извршување на насилнички и терористички акт, објавија француските медиуми.
Како што јави дописникот на МИА, апсењата биле дел од прелиминарната истрага на Генералната дирекција за внатрешна безбедност, а покрената од страна на Парискиот обвинител на 1 февруари под обвинение за „здружување за терористички заговор.”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...