Се урна висока зграда во Русија. Медиумите јавија дека на местото на настанот се испратени околу 200 спасувачи, кои ги извадија телата на тројцата загинати под од урнатините,

Објавил: admin@magazin | 31 декември, 2018 10:46

ТРАГЕДИЈА ВО РУСИЈА: Се урна зграда, 79 се исчезнати има и загинати

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Три лица загинаа, а 79 се водат како исчезнати при уривање на висока станбена зграда во рускиот град Магнитогорск во Челјабинската Област, соопшти овластениот заменик-гувернер.

Министерството за вонредни состојби, соопшти дека има урнатини има во 48 станови во зградата, во која живеат 110 луѓе.

Министерството за цивилна заштита, вонредни состојби и отстранување на последиците од елементарни непогоди соопшти дека трагедијата најверојатно настанала поради експлозија на природен гас.
 Медиумите јавија дека на местото на настанот се испратени околу 200 спасувачи, кои ги извадија телата на тројцата загинати под од урнатините, како и уште тројца повредени, меѓу кои и едно дете.
До сега се спасени 16 лица, а судбината на останатите станари е неизвесна и нема уште никакви информации каква е состојбата со луѓето што се внатре.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...