Околностите за неговата смрт се уште не се познати на јавноста, но хрватските медиуми неофицијално изјавуваат дека се работи за давење.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 март, 2019 13:55

ТРАГЕДИЈА: Македонец се удави во Јадранското море во Дубровник

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Кај областа Бониново, Дубровник во петокот попладнето беше извлечено безживотно тело на 30 годишниот Македонец.

Околностите за неговата смрт се уште не се познати на јавноста, но хрватските медиуми неофицијално изјавуваат дека се работи за давење.

Некаде пред 13 часот од Јадранското море било пронајдено машко тело, а после идентификацијата било утврдено дека се работи за 30 годишен Македонец кој живеел во Хрватска и имал целосен престој. Полицијата добила дојава од граѓаните дека некој се дави во Бониново, и заедно со итната помош се упатиле кон местото, каде полицајците интервенирале и со брод.

Како што пишуваат хрватските медиуми, најверојатно мажот паднал во морето и не можел да излезе, а кога го извлекле од морето давал мали знаци на живот, но најверојатно подоцна починал.

Дубровник е град во јужниот дел на Хрватска, кој излегува на Јадранско Море, во регионот на Далмација. Дубровник е една од најпознатите туристички дестинации во Средоземно Море, пристаниште и седиште на Дубровничко-неретванската жупанија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...