Угостителските објекти остануваат затворени до 20 јануари.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 ноември, 2020 18:40

Франција започна да ги релаксира мерките против корона: Луѓето веднаш отрчаа кај фризерите и купија подароци

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес се формираа редици пред некои трговски центри во Франција, а граѓаните побрзаа да купат подароци и новогодишни украси откако властите делумно отворија некои продавници по едномесечната блокада.

Продавниците што продаваат „ситни“ производи како обувки, облека и играчки се повторно отворени со првото олеснување на епидемиолошките мерки што се на сила од 30-ти октомври.

Угостителските објекти остануваат затворени до 20 јануари.

Париските фризери за медиумите изјавија дека голем број клиенти тропнале веднаш на нивната врата и дека многу од нив дошле без да закажат термин.

Тие додадоа дека граѓаните ги почитувале епидемиолошките мерки додека чекале ред пред салонот.

Властите дозволија продавниците да бидат отворени до 21 часот, за да можат да примат повеќе клиенти. Покрај тоа, поради вонредната состојба во оваа земја, црниот петок е одложен за 4 декември.

“Се надевам дека нема да жалиме за отворањето. Сопствениците на продавниците работат напорно, сега сè е на граѓаните. Тие мора сериозно да ја сфатат ситуацијата и да бидат одговорни”, изјави шефот на болницата Пастер во Ница, Карол Ичаи.

Да потсетиме, Франција во последните 24 часа забележа 12.580 нови инфекции, што е мало намалување во споредба со претходниот период. Ова е исто така главната причина за благата релаксација на мерките.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...