Фрчкоски му се потсмева на колегата Тупанчевски, нарекувајќи го “шаолин мајсторот Тупанче“

Објавил: Данаил Михајловски | 13 септември, 2019 10:35

Фрчкоски со потсмев кон проф. Тупанчевски и адвокатот Давидовиќ

Фото/Текст извор: ©магазин

Деновиве во правната фела се води дебата за законитоста или незаконитоста на притворските писма на Катица Јанева, која преку нив издава наредби до СЈО, пренесува нејзини права на државното обвинителство, иако токму од ова обвинителство е притворена во врска со злоупотребите во СЈО. Во дебатата предничат професорите Калајџиев и Тупанчевски, и двајцата професори по кривично право, но исто така со свои мислења се забележуваат и адвокатите Давидовиќ и Јанаки Митровски. Во принцип, сите се сложуваат дека притворената обвинителка Катица Јанева нема правен основ, прво да издава наредби, ниту има основ во Законот за СЈО да пренесува свои овластувања или предмети на други обвинителства. Но, откако притворената Катица Јанева го направи тоа, во нејзина одбрана се јави сопругот на нејзината адвокатка, Љубомир Фрчкоски, декан на факултетот ФОН во сопственост на Фијат Цаноски. Сите нив Фрчкоски во својата колумна за порталот Либертас ги обвинива за нестручност, за помагатели на криминалците на режимот и за припадници на “паламудски правен круг“, а со најсочна навреда го опишува професорот од правниот факултет Тупанчевски – “шаолин мајсторот Тупанче“. 

Калајџиев: Јанева овие предмети ги добила со закон и мора да ги работи. Во случајот има поднесено оставка и не може да се однесува во стилот после мене потоп. Можеше да се избере нов јавен обвинител, но за такво нешто не постои интерес. Очигледно ова е крај на СЈО, не постои интерес во земјава да има самостојна и независна институција за борба со корупција. На крај мора да признам со жалење дека СЈО е само злоупотребено за да се бутне ВМРО-ДПМНЕ од власт. 

„Катица Јанева се уште е специјален јавен обвинител. Но, ова е смешна и апсурдна ситуација која покажува колку се некадарни сите институции особено Советот на јавни обвинители, кој дури пред неколку дека даде предлог до Собранието за разрешување на Јанева. Согласно законот за СЈО Јанева вакво нешто нема право да направи бидејќи таа може да преземе предмет од редовното ОЈО и да воспостави надлежност, но не и обратно бидејќи во законот стои дека јавниот обвинител на државава или друг јавен обвинител нема право да преземе гоење или истрага во предметите кои се во надлежност на СЈО. Не може Катица да определува во кое обвинителство ќе одат предметите и таа да ја определува надлежноста на редовното обвинителство”, изјави за актуелните случувања адвокатот Давидовиќ. На ова Фрчоски коментира:  Но забавна беше, херменевтичка – деонтолошка поента на оној Давидивиќ (ланци и прстење): не му било логично и апсурдно било?! Абе, бегај бре!

Но, зошто Фрчоски толку жестоко ги критикува своите колеги, кои патем имаат неспоредливо поголемо искуство во кривичното право од него? Можеби затоа што неговата сопруга, Ирена Фрчкоска, стана адвокат на притворената Катица јанева, веројатно за добар хонорар. А хонорарите, според пишувањата на Љубчо Георгиевски, често знаеле да бидат одличен мотив за дејствувањето на Фрчкоски.

Професорот Тупанчевски во врска со последните настани поврзани со СЈО и законот за обвинителство изјави: “во интерес на сите е СЈО е да биде составен дел од едно јавно обвинителство кое ќе биде добра алатка и механизам за сузбивање на организираниот криминал и високата корупција посебно. Во таа насока, дополнително се комплицира ситуацијата со притворената специјална јавна обвинителка, каде што практично се чека да заврши постапката за нејзино разрешување“

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Правник

Во 2008 та година судот му одреди 20 години затвор за грозоморниот напад врз полициските Алфи што се случи во ноември истата година на паркингот пред ПМФ. Во нападот загина еден припадник на Алфите, еден остана доживотен инвалид а третиот има намалена деловна способност.

Судот ја укина доживотната казна на Алмир Дрпљанин за нападот на Алфите кај ПМФ

Денеска судот ја укина доживотната затворска казна за еден од најозлогласените криминалци...

Во вчерашната емисија „Што не е јасно?“ на „Алфа“, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села потври дека премиерот Зоран Заев пред извесно време му понудил да го замени Али Ахмети и ДУИ и неговата партија да стане дел од власта.

СЕЛА ОТКРИВА – Заев ми понуди да го заменам Али Ахмети- но јас ОДБИВ

Села откри дека премиерот Зоран Заев му понудил да го замени ДУИ, но тој не прифатил. Во...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес соопшти дека е поднесено обвинение за три слица во овој случај.

Најмалку 3 години затвор за делото за кое е обвинета Јанева

Казна затвор од најмалку три години пропишува кривичниот закон за делото за кое е обвинета...