На социјалните мрежи се појави видео на која се гледа како оклопно возило на гардата на Венецуела како се движи директно кон група демонстранти и гази преку нив.

Објавил: admin@magazin | 30 април, 2019 21:38

ХАОС: Венецуела пред граѓанска војна- пукање и судири на улиците во Каракас!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во Каракас денеска се судрија поддржувачите на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо и претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, откако двајцата побараа поддршка од армијата.

Полицијата во Венецуела денеска фрли солзавец на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, кога со голема група луѓе во воени униформи се собраа пред воздухопловната база во Каракас.

Вечерва во главниот град на Венецуела се случува хаос. На улиците се забележуваат оклопни и полициски возила и како што известуваат медиумите во Венецуела, започнува „венецуелското востание“ и граѓанска војна. Гуаидо и Мадуро двајцата тврдат дека ја имаат целосната поддршка од војската во Венецуела.

Гуаидо е член на опозициската партија „Волунтад популар“ (ВП), која беше основана во 2009 година на чело со харизматичниот Леополдо Лопез.

На социјалните мрежи вечерва се појави видео на кое се гледа како оклопно возило на гардата на Венецуела, се движи директно кон група демонстранти и гази преку сите што прават нереди по улиците во Каракас. Претходно, демонстранти фрлаа камења и удираа со стапови по оклопното возило.
По вечерашните инциденти, Хуан Гуаидо ги повика припадниците на армијата да му се придружат во нередите.
Тој за странските медиуми изјави дека државниот удар е во тек.

Кој е Хуан Гуаидо?

Хуан до неодамна политички беше непознат за јавноста. На почетокот од јануари оваа година дојде од редовите на опозицијата на чело на парламентот. Моментално Гуаидо го предизвикува претседателот Мадуро како никој до сега.

Гуаидо е член на опозициската партија „Волунтад популар“ (ВП), која беше основана во 2009 година на чело со харизматичниот Леополдо Лопез. Тој веќе подолго време важеше за лицето на опозицијата во Венецуела, иако по крвавите масовни протести од 2014 на кои имаше и загинати, поголем дел од времето е во затвор или во домашен притвор. Оваа партија освои 14 пратенички места во Венецуела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...