Според актуелните бројки, КОВИД-кризата полека стивнува, но не престануваат предупредувањата за ширењето на новиот делта сој!

Објавил: Мартин Попоски | 10 јули, 2021 7:59

Јаневски: Очекувам 20 до 30 отсто повеќе странски туристи од лани

Фото/Текст извор: ©бизнис вести

Се ближи шпицот на туристичката сезона. Луѓето веќе ги користат летните одмори. Повеќето заминуваат за Грција, Албанија, Црна Гора, Хрватска, но некои патуваат и подалеку, во Турција, Египет, Италија.

Според актуелните бројки, КОВИД-кризата полека стивнува, но не престануваат предупредувањата за ширењето на новиот делта сој!

Каков ќе биде годинашниот туристички биланс, што ако има нови затворања и карантини, успеавме ли да се позиционираме на мапата атрактивни дестинации, какви производи нудиме, колку ги следиме светските трендови?

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски очекува годинава да покаже малку поинакво лице и поголем оптимизам. Пандемијата, вели, ќе отвори нови граници, хоризонти и можности, но од нас зависи дали и како ќе ги искористиме.

Директоре, првата половина од годината полека изминува. Во ек е летната сеозна. Какви се засега бројките и кои се Вашите очекувања?

Ако остане вака состојбата, без да има затворања, очекувам 20 до 30 отсто повеќе странски туристи од лани, да го намалиме минусот, повторно да имаме солидно ниво на домашни туристи особено во јули и август, како и значително да ја подобриме состојбата во делот дека сме сигурна, безбедна дестинација. Можеме да стигнеме блиску до 300 милиони долари прилив од туримзот годинава.

Сметам дека капацитетите повторно, и оваа година, ќе бидат полни со домашни туристи, но и со гости од регионот: Србија, Црна Гора, Албанија, Косово. Ќе има мал дел и од Полска и Холандија. Очекуваме по 5.000 – 6.000 туристи од Холандија и од Полска што е јасен сигнал дека земјава повторно, и во турбулентната 2021 година, се наоѓа на светската туристичка мапа.

Еве, веќе на 19 јули пристигнуваат првите гости од Холандија. Ќе слетаат со чартер во Охрид. Во првиот авион ќе има околу 150 гости или капацитетот на првиот лет ќе биде исполнет 70 проценти.

Сепак, во овој момент не можеме да кажеме колку и дали ќе се остварат годинашните проекции, зашто гледаме каква е состојбата со новиот КОВИД делта сој и со преголемата загриженост околу неговото ширење. Ќе мора да се прилагодиме на ситуацијата што ја наметнува вирусот.

Дополнително, треба да се земе предвид и дека секоја држава си одлучува за своите туристи. И покрај новата линија Варшава – Охрид или рестартираната Варшава – Скопје, полската Влада донесе индивидуална одлука, незваисно од ЕУ, за сите нејзини граѓани кои ќе патуваат надвор, при враќањето во земјата да одат во 10-дневен карантин. Тоа е всушност причината за помалиот број гости кај нас од очекуваниот.

Ако треба да резимираме, тогаш би кажал дека годинава ја дочекавме неподготвени. И овојпат туризмот ќе го спасуваат домашните гости.

Агенцијата во октомври 2020 со Министерството за економија го почна процесот за добивање безбедносен стандард кој стартуваше во мај. Колку маркички „Safe travel” се досега издадени?

Агенцијата ги создаде условите, но колку ќе одговори на тоа туристичкиот сектор, останува на него. Досега околу 200 капацитети аплицирале и ја добиле маркичката „Safe travel” која гарантира дека се КОВИД-безбедни. Но, тоа не значи дека не се почитуваат протоколите за заштита во туризмот или дека ги нема, туку дека луѓето не аплицирале за да ја добијат маркичката.

Прашањето е, колку ние како туристи сме ги виделе тие налепници и ресторани?

Сакам да нагласам дека, што повеќе угостителски објекти, тур-оператори, хотели и давачи на сместувачки услуги аплицираат и ги исполнуваат условите за безбедност, толку повеќе нашата дестинација во перцепцијата на странските туристи и оператори ќе биде побезбедна од КОВИД, но тоа мора да го направиме како домашна задача.

Подолго време заговарате креирање нова понуда, форсирање на руралниот, алтернативниот, еко и гастро туризмот. До каде сме и со што можеме да се пофалиме?

Сите дестинации кои работеле со рурален, авантуристчки, алтернативен туризам во 2020 година немале пад, туку дури оствариле и зголемување на ноќевањата пред се од домашни, но во мал дел и од странски туристи. Тоа е јасен показател на што треба да се фокусираме. Во светски рами интересот за овие форми на туризам забрзано расте со 20 до 50 отсто. Треба да ја следиме ваквата статистика. Тоа е трендот. Мораме да ја смениме матрицата, да работиме на малите туристички групи.

Дали ние вистински создадовме атракции и производи за пазарите кои ни беа и ни се достапни?

Јас мислам, не доволно. Очекувањата на туристичкиот сектор се сведоа на државната помош. Многу ни е полесно да подигнете чартери за Египет и за Турција, отколку да донесете тука. Тоа што само три отсто од сите тур-оператори во државата работат инкам туризам ни се удри од глава.

Пандемијата, за жал, ја покажа суровата реалност, дека не сме изградиле одржлива дестинација, дека сме оделе на квантитет, а не на квалитет, дека на краток рок не можеме да понудиме форми на туризам кои ги бараат новите целни групи на туристи. Тоа е предизвик не само за секторот, туку и за сите релевантни институции. Не треба да си ја префрламе топката едени на други, ниту меѓусебно да се обвинуваме, туку да понудиме нешто и заеднички да градиме здрав туристички сектор.

Всушност, пандемијата и последиците од неа не треба да ни бидат изговор за она што ќе го понудиме годинава, па и понатаму.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од туризам

Со оглед на тоа дека данокот на имот е општински данок, Советот на Град Скопје, односно на општините, самостојно носат одлуки за даночната стапка во рамките на законот, или пак со одлука, поради кризна состојба ја одложуваат примената на регулативата.

За празен стан во Охрид ќе се плаќа троен данок

Измените на Законот за данок на имот со кои има тројно оданочување на стан во кој не...

Проекциите и очекувањата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот се дека до крајот на тековната година ќе бидат остварени стратешки планираните некаде до 2,2 милиони ноќевања, што е на нивото на 2015 година!

Јаневски: Очекуваме наредната година да бидат остварени 2,5 милиони ноќевања

Туризмот како дејност генерално е меѓу најсериозно засегнатите стопански гранки од...

Во исто време бројот на ноќевања е зголемен за 46,6%. Во првите седум месеци годинава се регистрирани вкупно 317.713 туристи кои оствариле 1.034.645 ноќевања.

Бројот на туристи зголемен за 56,6% за седум месеци, мерките даваат резултат, туризмот се враќа во нормала, велат од владата

Мерките на Министерството за економија даваат резултат, туризмот пополека се враќа...