Моментално во државата бројката на невработени лица изнесува околу 190 илјади

Објавил: admin@magazin | 12 април, 2019 13:20

Јовановска: Македонските граѓани ниту сакаат, ниту бараат работа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, на денешната прес-конференцијата одговарајќи на новинарско прашање потврди дека се согласува со ставот на Светска банка дека дел од македонското население ниту сака да работи, ниту пак бара работа.

Таа истакна дека голем дел од лицата кои се пријавени како невработени, не доаѓаат на интервју за разговор кога ќе бидат повикани од страна на Агенцијата за вработување или работодавачот.

Јовановска информираше дека моментално во државата бројката на невработени лица изнесува околу 190 илјади.

Јовановска за makfax.com.mk изјавила дека од сите пријавени невработени, само 30% всушност од поканетите од Агенцијата всушност доаѓаат на интервјуата за работа, дел од нив во Агенцијата, дел директно на интервју кај работодавачот. Сепак, и од оние кои ќе отидат на интервјуто, најголемиот дел не ги прифаќаат условите, бидејќи не им одговара позицијата, смената, платата, „и така натаму“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...