Цуца и кралот на фолк музиката долги години биле во врска и таа не ја криеше љубовта која ја чувствува за него.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 април, 2019 12:37

Љубовницата на Шабан го покажа неговиот вонбрачен син: Бебето го шокираше семејството Шаулиќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ивона Неговановиќ Цуца, е долгогодишната љубовница на Шабан Шаулиќ која предизвика шок во јавноста откако објави фотографии од дете за коe тврди дека е заедничкиот син што го имаат со трагично загинатиот Шабан.

Цуца и кралот на фолк музиката долги години биле во врска и таа не ја криеше љубовта која ја чувствува за него.

Љубовницата на Шабан ја шокираше јавноста со веста дека има дете со Шабан

Таа Цуца вели дека многу жали по Шабан, но секојдневно преживува и се труди за детето за кое како што вели е многу врзана.

-Oстварена сум во сите работи во кои секоја нормална жена треба да се оствари. Со Шабан поминав пола мој живот. Никогаш повеќе нема да бидам со друг маж.После него ми остнаа мало суштество кое ме теши –  вели Цуца.

Во најновиот број на СВЕТ беше објавено дека таа редовно го посетува гробот на Шабан и го чека денот кога ќе легне крај него.

Таа пред извесно време објави за истиот магазин изјави дека и таа заедно со својот син има право на наследството од кралот на српската фолк музика.

И ние имаме право на наследство, вели Цуца во интервјуто за српски Свет.

Во својата исповед за магазинот таа тврди дека 15 години била со Шабан и дека тој само со неа почувствувал што е семејство.

Во магазинот беа објавени и фотографии од Цуца заедно со синот, за кој тврди дека дете на Шабан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.