Сега најважно е да покажеме дека сме подготвени да работиме на тоа што го сакаме, но со јасни црвени линии, заклучува Андов.

Објавил: Владо Марин | 27 јуни, 2021 16:39

Андов за „Канал 5“: Заев и Бучковски сега да не одат во Бугарија, „умилкувања“ не помагаат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како понатаму по второто вето од Бугарија за старт на преговорите со ЕУ?  Поранашниот претседател на собранието Стојан Андов за Канал 5 вели дека македонската влада нема што да бара во Софија додека не се формира Влада со јасен политички мандат, пренесе Канал 5!

Во овој период никој од македонската Влада не треба да оди на разговори во Софија, прво треба да причекаме да поминат изборите во Бугарија на 11 јули, вели во разговор за Канал 5 поранешниот претседател на Собранието и искусен политичар, Стојан Андов.

Според него бугарските политичари сега се преокупирани со добивање гласови, а не со искрени средби.

Прво треба да причекаме да пројдат изборите во Бугарија. Сите заедно било кој од нив, сигурно се убедени дека ако седнат да разговараат искрено и отворено како што личи, тогаш ќе изгубат на изборите. Тоа им е основа како да дојдат до власта. Како што гледате освен ова прашање, нема некое друго, за кое тие можат да се надеваат оти ќе им помогне за изборите. Затоа што во сите тамошни политичари граѓаните се сомневаат за криминал и криминални намери. Затоа мислам дека во такви услови не требаше да се оди таму, ниту да се разговара, вели поранешниот собраниски спикер за Канал 5.

Андов не полага многу надежи во словенечкото претседателство за решавање на спорот со Бугарија. Вина гледа и во самата ЕУ што не успева да ги спречи Бугарите да не блокираат со ирационални барања.

„ На еден народ да му се одрекува право на свој јазик да има и тој јазик задолжително да бил напишан како варијанта на бугарскиот тоа се невозможни работи во светот. Безнадежна е оваа позиција и на ЕУ. Таква толеранција кон Бугарите, да не се во состојба да им објаснат дека тоа е невозможно и е против основата на посетоење на ЕУ. И затоа сега секој претседавач со ЕУ му треба активност, па и на португалскиот, и се обидоа нешто да направат. Сигурно имале добра намера, но што можат да направат со Бугарите…, вели Андов.

На прашањето што доколку спорот со источниот сосед потрае, а во ЕУ нема расположение за проширување, Андов дециден дека не треба да ги прифаќаме бугарските барања по ниедна цена, туку да се фокусираме на работа на домашните задачи.

„ Енергично треба да одбиеме се во врска со бугарските барања. Се да се одбие, ништо да не се прифати. А да се бориме ние за принципите, деловното работење и унапредување на човековите права да ги средиме како што се во ЕУ. Тоа е патот наш, смета тој.

Друга алтернатива освен ЕУ нема, одговара поранешниот собраниски спикер, но ја поддржува идејата за продлабочување на стратешкиот договор со САД, додека сме во европската чекална.

Ние имаме многу добар договор стратешки со Америка, да видиме дали тоа може да се доработи. Инаку не гледам алтернатива. Ние сме во ЕУ. Преку нас поминуваат сите членки на ЕУ. Во Грција сите што одат поминуваат преку нашата земјаи гледаат што се случува овде. Така да не треба многу да се загрижуваме, можеме да си живееме многу добро.

Сега најважно е да покажеме дека сме подготвени да работиме на тоа што го сакаме, но со јасни црвени линии, заклучува Андов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...