Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска информира дека заложбата на Владата во моментов е покачување до 18.000 денари, а до крајот на мандатот 2024 година, минималната плата да се искачи до 20.000 денари.

-Како Влада и министерство го цениме трудот на работниците и ги прифаќаме нивните барања за минимална плата од 18.000 денари во моментов. Сепак, ја гледаме и состојбата во која се наоѓа моментално државата и затоа нашата интенција е час поскоро и неминовно е да се зголеми минималната плата. Ова прашање ќе го отвориме на Економско-социјалниот совет, кој што го раководам јас како министерка на овој ресор. Дел од Советот ќе бидат и министрите за економија, финансии и економски прашања, претстаници на Коморите и работодавачите. Тогаш преку еден дијалог ќе дојдеме до најповолно решение, кое што ќе биде од корист и за работодавачите и за работниците, појасни Тренчевска во гостувањето на „Економски магазин“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 јануари, 2022 5:31

Владата сака минималната плата да се искачи до 20.000 денари а на приватно се работи за 9000 денари!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска информира дека заложбата на Владата во моментов е покачување до 18.000 денари, а до крајот на мандатот 2024 година, минималната плата да се искачи до 20.000 денари.

-Како Влада и министерство го цениме трудот на работниците и ги прифаќаме нивните барања за минимална плата од 18.000 денари во моментов.

Сепак, ја гледаме и состојбата во која се наоѓа моментално државата и затоа нашата интенција е час поскоро и неминовно е да се зголеми минималната плата. Ова прашање ќе го отвориме на Економско-социјалниот совет, кој што го раководам јас како министерка на овој ресор. Дел од Советот ќе бидат и министрите за економија, финансии и економски прашања, претстаници на Коморите и работодавачите.

Тогаш преку еден дијалог ќе дојдеме до најповолно решение, кое што ќе биде од корист и за работодавачите и за работниците, појасни Тренчевска во гостувањето на „Економски магазин“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...