Пред малку заврши средбата на Костадинов со Дедо Наум, со Ване Андреев од Струмица и со сестра Сара од манастирот!

Објавил: Мате Парлоф | 25 март, 2019 11:01

Костадинов со изјава за легализација на марихуаната и МПЦ!

Фото/Текст извор: ©магазин

Костадин Костадинов (Манулач), докажаниот борец против непотизмот, денес со прес конференција во Струмичко, откако во јавноста се проширија гласини дека владиката Наум и фамилијата на Заеви заедно влегле во бизнисот за производство на марихуана. Изјавата на Костадинов, која прилично се разликува од неговите досегашни настапи,  ви ја пренесуваме во целост:

„Почитувани, 

пред малку заврши мојата средба со Дедо Наум, со Ванката Андреев од Струмица и со сестра Сара од манастирот. По кул средба не сум имал во животот. Ги прашав за гласините за бизнисот со марихуана, викаат нема врска ни марихуана, ниту ганџа, ниту тревка, ниту гудра, ни легализација. Сите ги одликува скромност и мирољубие. Дури ни за цигари не се расфрлаат, туку скромно земаа една леплива хартија, тутун, Сара срола 2 цигари и ние четворица, за да заштедиме, ги вртевме во круг. И после се отвори муабет за регионот, за тоа кој има подобар расад за тутун од сортата мериџејн, дали Рама во Лазарат или Бојко во Хасково? Јас се убацив со идејата за субвенции, што и од Сара и од Дедо Наум беше прифатена како реформска и дека со истата може да се влечат средства од ИПАРД фондовите од Брисел. А од Брисел се бара токму тоа, квалитет и стандарди на производство. Истиот случај е и со субвенции за стоката, за што повеќе познавања има Стево и не би му се мешал у ресор. Кај Дедо Наум нема стока, туку само домашни миленичиња. Една многу убава мачка, ангорка, ни се моташе низ нозете, ја дига опашката и преде. Интелегентна, се гледа од прва. И кога го послужија јадењето се качи на столот и со шепата сакаше да земе од шницлите и тогаш Дедо Наум и подвикна “пис мацо, пис“, и каква кул реакција, мачкава се дигна на задните нозе и му вика “peace“ на англиски! Човече, невидено. Многу кул фаци и супер традиција. Ќе дојдам пак.“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид – Кичево

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти...

Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го...