Во 2018 година во Македонија речиси и да нема новоотворена фабрика

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 15:09

Пад во привлекувањето странски инвестиции Македонија од лидер сега 10-та во регионот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Излезе извештајот “Global Location Trends – 2018 Annual Report: Getting ready for Globalization” публикуван од страна на на “IBM – Plant Location International [ PLI ]” организациона единица на [ IBM ] која изработува локациски стратегии за своите коропративни клиенти односно подготвува анализи за можните бизнис локации на големите меѓународни компании.

За разлика од периодот 2012-2016 година кога всушност Република Македонија била лидер по број на нови отворени работни места во фирми со странска сопственост во 2017 година тој примат го превзема нашиот северен сосед додека Република Македонија паѓа на 10-то место.

Имено во периодот 2012-2016 во Република Македонија просечно се отворени по повеќе од 2.600 нови работни места на милион жители во компании со странска сопственост додека во Србија отворени се околу 1.900 нови работни места на милион жители.

Во тој период Република Македонија била лидер во Западен Балкан. За разлика од овој период во 2017 година отворени се 1.400 нови работни места на милион жители [ пад на 10-то место за нашата држава ] во компании со странска сопственост додека во Србија бројката изнесува речиси 3.000 нови работни места со што Србија станува лидер во регионот.

Ситуацијата навистина е загрижувачка. Во 2018 година речиси и да нема нови фабрики. Имаше отварање на две – Германски “Вик” и Турската компанија “Мурат” – кои беа договорени од претходната Влада и сега со тешки маки реализирани од страна на Владата на СДСМ.

Премиерот Заев навистина треба да размисли за промена на тимот кој работи на привлекување на странски директни инвестиции.

линк до извештајот за рангирањето на државите по странски ивестиции

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...