Дали фирмите се формирани за да добијат бизнис од рудникот Иловица?!

Објавил: admin@magazin | 1 април, 2019 12:54

Петти ден молк од Заев и фамилијата за фирмите во Бугарија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Веќе петти ден молк од премиерот Зоран Заев и неговата владеачка СДСМ да дадат оговори за која намена се формирани трите фирми на Заеви, во еден стан во градот Петрич во соседна Република Бугарија.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, нагласи дека премиерот Заев сѐ уште не одговори дали споменатите фирми се формирани за да добијат бизнис од рудникот Иловица за чиешто работење токму тој драстично го промени ставот во споредба со изјавите кои ги даваше пред две или три години наназад.

-Што се промени г-не Заев? Дали бизнисот со транспорт и логистика на рудата од Иловица до Петрич, бизнис тежок 10 милиони евра годишно, можеби ги промени вашите ставови?, праша портпролот на опозициската партија.

Официјалните податоци на компанијата која менаџира со проектот рудник Иловица тврди дека 60 до 80 илјади тони руда годишно од рудникот ќе се транспортираат со товарни возила 47 километри од Иловица до, внимавајте градот Петрич од каде потоа со железница ќе се транспортира до топилницата Пирдоп. Инаку градот Петрич е градот каде што се регистрирани трите фирми на Заеви. Многу симптоматично е што токму Заеви отвориле фирми во Петрич, во период кога Заев почнува да го менува ставот за работењето на рудникот Иловица и тоа за дејност транспорт и логистика, посочи Арсовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека станува збор за бизнис кој овозможува со отворањето на рудникот Иловица да изнесува повеќче од 10 милиони евра годишно.

-Зоран Заев зошто молчиш? Одговорете дали работењето на рудникот Иловица зависи од тоа дали фирмите на Заеви ќе го добијат транспортот на руда до градот Петрич каде се пријавени фирмите Гомасиндра, Ориент Груп и Радиша трејд? Што се случи со изјавите на вашата партија дека рудникот Иловица има сериозни закани по здравјето на луѓето, или пак некои бизнис интереси го променија вашиот став? Редно е да им одговорите на граѓаните и да не бегате и да се криете од јавноста, повторно праша Арсовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...