Обуката е изготвена како одговор на новиот модел на примарна здравствена заштита промовиран во земјата во почетокот на 2019 година.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 декември, 2020 18:02

ПОЧНА ОБУКАТА НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРИМАРНАТА ЗДРАВСТЕВНА ЗАШТИТА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за здравство и Светската здравствена организација, поддржани од Работната група за унапредување на сестринската дејност ја изготвија обуката за медицински сестри од примарна здравствена заштита (ПЗЗ).

Обуката е изготвена како одговор на новиот модел на примарна здравствена заштита промовиран во земјата во почетокот на 2019 година.

Двата модула на работилниците траат до 30 декември, а останатите модули ќе продолжат во 2021 година.

Обуките ги водат медицинските сестри Миреја Санчез и Рос Брајар. Миреја е регистрирана медицинска сестра во Шпанија, со работно искуство во различни здравствени средини и во наставната дејност. Рос е регистрирана медицинска сестра во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиното искуство е главно во патронажната и наставната дејност.

Целта на програмата за професионален развој е да се развиjат знаењето и вештините на медицинските сестри и акушерките од примарната здравствена заштита за да можат да придонесат на најделотворен можен начин кон спроведување на новиот модел на примарна здравствена заштита во Северна Македонија. Краткорочните цели на програмата се да се подигне нивото на знаење и практични вештини на учесниците и да се придонесе кон нивниот континуиран професионален развој.

Македонија е меѓу првите земји на глобално ниво што ја разгледа својата заложба за примарна здравствена заштита (ПЗЗ) во согласност со Декларацијата од Астана.
Овој процес го продолживме за време на двата национални форума за здравствена заштита на ПЗЗ во 2019 и 2020 година.

Примарната здравствена заштита е клучна и повеќе од потребна е интервенција за подобрување на квалитетот, континуитетот и севкупното спроведување на здравствените услуги.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...