Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година, изнесува 24 548 денари.

Објавил: Перо Милчин | 24 јануари, 2019 17:27

ПРАЗНИ ЏЕБОВИ – Просечната плата наместо да расте се намалува

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Просечната плата никако не се зголемува како што беше ветено од актуелната власт. Иако СДСМ во предизборниот период најавуваше просечна плата од 500 евра и тоа за секој вработен од едно семејство, новите податоци на Заводот за статистика се поразителни и разочарувачки.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година, изнесува 24 548 денари.

Просечната плата е во значително намалување за 269 денари во однос на месец октомври 2018 година, кога просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесуваше 24 817 денари.

Темата околу платите беше едно од ветувањата на СДСМ и Зоран Заев, но сепак како и многу други ветувања и ова остана неисполнето од нивна страна.
Па така од нивната програма “За Живот“ темата за просечната плата, остана само еден голем сон за Македонскиот народ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...