Растот на просечната бруто плата во јуни 2020 година се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната бруто плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,5%), Рударство и вадење камен (15,9%) и Образование (13,6 %).

Објавил: Владо Марин | 21 август, 2020 6:40

Просечната нето-плата во јуни изнесувала 26.867 денари

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Просечна нето плата по вработен во јуни годинава изнесувала 26.867 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување за 6,6 отсто, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Бруто платата, пак, била 40.107 денари што е пораст за 7,1 проценти.

Според Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната нето плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната нето плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,7%), Рударство и вадење на камен (15,2%) и Образование (12,6%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,1%), Рударство и вадење на камен (6,3%) и Стручни, научни и технички дејности (4,3%).

Растот на просечната бруто плата во јуни 2020 година се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната бруто плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,5%), Рударство и вадење камен (15,9%) и Образование (13,6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,1%), Рударство и вадење на камен (6,5%) и Преработувачка индустрија (4,2%)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...